КАКО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕН НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО Т.Н. ПОСТ-КОНФЛИКТЕН ПЕРИОД ВО РУСКО-УКРАИНСКАТА КРИЗА? 

Прво, Западот мора да работи на ослободување од зависноста од Истокот, во поглед на енергенсите. Како? Одговорот лежи во обновливите извори на енергија - повеќе зелена енергија. Земјите членки на ЕУ, исто така се на линија со ваквото толкување, така што, тие ја интензивираа програмата за новите основи на снабдување со енергија. Но, таквата потполна енергетска независност од Истокот, како што се наведува во официјалните извештаи на Брисел, треба да биде аплицирана во целост, некаде на крајот од оваа декада (читај: 2029 година). Тука, се поставуваат низа прашања: Што до тогаш? Што ќе биде со земјите од Западен Балкан? Логично би било, нивно вклучување во оваа проектна апликација или нешто слично.

Второ, ако се погледне објективно кон состојбите, долгорочното влијание од сегашната руско-украинската криза ќе биде дефинитивна поделба на светот на два економски блокови.

На крај, трето, важната битка помеѓу економските блокови во т.н. пост-конфликтен период во руско-украинската криза ќе се бие во технологијата и финансиските системи. Тука, повторно може да преовладува оптимизам кај Западот, а во насока на ограничувања за брз пристап на земјите од Истокот кон новите софтверските. Банките, исто така, се важно орудие на западниот блок, кое, веќе успешно се применува преку воведените санкции, за што, зборувавме доволно во изминатите недели. Зошто? Причината за тоа, лежи во малата изложеност на западните банки во контекст на источните. Практично, нема значајна поврзаност и нема да има значајни импликации за западниот финансиски систем, од санкциите воведени кон руските банки и монетарниот систем. Додека, пак, кај другата страна, последиците се веќе актуелни и се чувствува штета во економијата. Банкарските ограничувања во Русија веднаш загризаа, предизвикувајќи опаѓање на финансирањето и попречување на финансиските текови во и надвор од земјата.

Што значи сето ова за глобалната економија?

Бидејќи нејзиниот финансиски систем е изолиран, Русија се соочува со сериозен, но не и фатален економски шок. Во насока на прашањето за глобалната економија, изгледите се дека ќе преовладуваат состојби на повисока инфлација, во споредба со проекциите од меѓународната стручна јавност (ММФ и СБ од крајот на 2021 година), бидејќи состојбите со пандемијата се актуелни, како и цените на природните ресурси ќе растат, како резултат на руско-украинската криза. Стабилизацијата за глобалната економија ќе се случи во втората половина на 2023 година, ако конфликтот не ескалира и се стабилизира набрзо.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by