АНТИ-КОРОНА ЕКОНОМСКА ПРЕВЕНЦИЈА

Мобилизација на целиот финасиски систем, со особен осврт на пазарот на обврзници (корпоративни) и банкарскиот систем, сега и веднаш, без бирократски одложувања

Во изминативе неколку недели, се случува пандамија на коронавирус како една глобална човечка трагедија на 2020 годна. Имено, денес многумина граѓани живеат во страв за својот живот и животот на своите најблики. За жал, и кај нас човечки последици ќе има. Во контролирани размери од неколку илјади (две до три) заразени, што укажува на фактот дека ќе се справиме со кризата. Но, она што треба да не загрижи најповеќе е економската превенција. Македонските економски последици по тој основ ќе бидат огромни. Акцијата што ја преземаат властите за да спречи и да се надмине кризата, особено да се надмине крахот на здравствениот систем е храбра и неопходна. Во тие напори, истите мора да бидат поддржани.
Сепак, не треба да заборавиме дека целиот Свет живее пред окупација на вирусот, особено земјите од Западна Европа. Поразителни се бројките за жртвите во Италија, Шпанија и Франција. Но, економските жртви ќе бидат уште поголеми. Од ден на ден, економската состојба се влошува како во Европа, така и во земјите од Западен Балкан.
После низа години на светски економски подем, висока доверба, изобилство од ликвидност и ниски каматни стапки, комерцијалните банки во Европа се соочуваат со најголемиот предизвик досега. Целосната нарушена доверба на финансиските пазари, зголемената перцепција на ризиците од страна на комерцијалните банки и инвеститорите, што се пресликува во можна длабока рецесија. Во тој контекст, ќе го цитирам поранешниот претседател на Европската централна банка Марио Драги, кој меѓу другото ќе истакне:
„Од ден на ден, економската вест се влошува. Компаниите се соочуваат со загуби на приходите и многу од нив веќе ги намалуваат работниците. Длабоката рецесија е неизбежна. Предизвикот со кој се соочуваме е како да се дејствува со доволно сила и брзина за да се спречи рецесијата, поточно да се претвори во пролонгирана депресија... Веќе е јасно дека одговорот на ова, мора да вклучува значително зголемување на јавниот долг.“
Практично, како што вели во неговата анализа, а јас во целост се согласувам, загубата на приходите направена во приватниот сектор создава празнина. Тоа значи дека за да се пополни празнината во макроекономијата, на крај мора да се апсорбира, целосно или делумно, врз билансите на Владата.
Од ова, може да се предвиди дека во македонската економија ќе преовладува многу повисоко ниво на јавен долг, кои за жал на долг рок, ќе станат главна карактериситка во националната економија и мора да биде придружен со откажување на долгот на стопанството. Државата преку нејзината улога, сама, во оваа кондиција за наплата на даноци (како што е сега) нема да може да ја заштити економијата од шоковите на приватниот сектор. Практично, даночната политика во вакви услови не работи.
Решение: зголемување на јавниот долг, како што тоа го правеле земјите од Западна Европа за време на воена состојба. Како? Мобилизација на целиот финасиски систем, со особен осврт на пазарот на обврзници (корпоративни) и банкасркиот систем, сега и веднаш, без бирократски одложувања.
Оттука, во изминативе години, ние во АБИТ доста пишувавме, а еве ден денс, се наметна како пресудна и важна, успешноста и профитабилноста на секоја од комерцијалните банки во македонскиот монетарен систем. Денес, ова претставува мошне важно прашање кое го привлекува вниманието на фискалниот и монетарниот менаџмент.
Дополнително на ова, мора, сега и веднаш, да се воведат мерките за штедење на јавната админстрација (минимална плата за сите), како и одложување на банкарските обврски за граѓаните и правните лица на краток рок. Приоритет, во целата оваа операција мора да се даде на граѓаните, во фунција на нивна заштита од губење на работните места. Ако не го направиме тоа, ќе излеземе од оваа криза со трајно пониско ниво на капацитет за вработување во стопанството, а со тоа неможност да направиме пролонгирана депресија.
На крајот, ќе завршам со цитат на поранешниот претседател на Европската централна банка Марио Драги:
„Банките мораат брзо да позајмуваат средства со нула трошоци на компаниите кои се подготвени да заштедат работни места. Бидејќи, на овој начин тие стануваат средство за јавната политика, капиталот што им е потребен за извршување на оваа задача, Владата мора да го обезбеди во форма на државни гаранции за сите дополнителни пречекорувања или заеми. За оваа намена, ниту регулативата, ниту правилата за обезбедување не треба да спречуваат создавање на условите потребни во билансите. Понатаму, цената на овие гаранции за компанијата што ги прима, не треба да се заснова на кредитниот ризик, туку треба да биде нула без оглед на трошоците на Владата што ги издава за финансирање.“
Потребна општетсвена СОЛИДАРНОТ сега и веднаш.
YES WE CAN!

проф. д-р Синиша Наумоски, извршен директор и член на Советот на НБРСМ


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by