Директен маркетинг и грижа за корисници

Статија во ‘е-Банкар‘ број 8

Бојан Штерјовски

ТТК Банка АД Скопје

Раководител на Оддел за работа со население

Можеби затоа што е претставен како таканаречен „повик за акција“, овој вид

маркетинг е моментално најбрзорастечка форма на маркетинг што се обидува да оствари

трајна и лојална врска со клиентот.

Директниот маркетинг претставува интерактивна и комуникациска врска

помеѓу набавувачот и корисникот и може да биде изведен на различни начини;

 најчесто преку е-пошта, телевизиски и радио-маркетинг, рекламен материјал или каталог,

телефонски или преку принципите комуникација „лице в лице“ или доставување на

 рекламен материјал „врата на врата“.

 Развојот на таа врска што постои помеѓу набавувачот и купувачот се продлабочува преку

 серија од планирани комуникациски поврзувања со посредништво на гореспоменатите

 информативни средства.

Можеби затоа што е претставен како таканаречен „повик за акција“, овој вид

маркетинг е моментално најбрзорастечка форма на маркетинг што се обидува да оствари

трајна и лојална врска со клиентот.

Директниот маркетинг има неколку цели што мораат да бидат постигнати за да се добие

посакуваниот резултат од поврзувањето на набавувачот на средства и услуги со неговите

 моментални или потенцијални потрошувачи.

 Најважна задача на директниот маркетинг е да ја постави и прецизно да ја идентификува

целна групата кон која ќе ги насочи своите цели, како и средствата преку кои ќе ја

 извршува маркетинг-кампањата.

 Следен и не помалку важен чекор е подготвеноста да се преземе одговорност за секаков

 вид нарушување или раскинување на врската со корисникот и да се обезбеди потребната

 заштита на корисникот што ќе гарантира заемната корист од презентацијата на ваквиот

 начин на маркетинг.

 Во зависност од тоа кое информативно средство ќе го одбере, компанијата што го

презентира директниот маркетинг мора да го одбере и начинот на кој ќе биде извршена

 презентацијата. Директниот маркетинг може да почне со едноставно јавување на

 бесплатен телефонски број што ќе го понуди одредена организација, компанија или банка.

Најважна задача на директниот маркетинг е да ја постави и прецизно да ја идентификува целна групата кон која ќе ги насочи своите цели, како и средствата преку кои ќе ја извршува маркетинг-кампањата.

 Toј број би претставувал информативен канал преку кој корисниците ќе се информираат

за работата на компанијата, за своите права, обврски и задолженија што произлегуваат

од соработката со одредената компанија, организација или банка.

 Наместо бесплатен телефонски број, можно е да се употреби и рекламен линк што

 води до интернет-страницата на одредена компанија, организација или банка. Друг начин е употребата на рекламен купон со логото на одредена компанија, организација или банка

во некој весник или во некое списание, како и понуда на ценовници и каталози со одреден попуст за постојаните или новите корисници на производи или услуги.

 Изборот на доставување и пласирање на директниот маркетинг нуди разновидни

 можности, почнувајќи од собирање e-пошта на компании што се

заинтересирани за соработка, домашни адреси на потенцијални купувачи со цел

 спроведување на системот „врата до врата“, организирање семинари и презентации

 преку кои би се направила подлога за спроведување на директниот маркетинг „лице в

лице“.

 Спроведувањето на директниот маркетинг досега покажал многубројни резултати во

областа на економијата и се докажало дека има повеќе предности, отколку недостатоци.

 Заслужен за неговиот огромен успех е и фактот што укажува на способноста

на директниот маркетинг да биде достапен за голем број компании, физички и правни

 лица кои се обезбедени со постојани информации и новости и за кои всушност немаат

 никакви трошоци. Исто така, трошоците се минимални и за компаниите,

организациите или банките што го спроведуваат директниот маркетинг, така што двете

 страни можат да бидат задоволни и непречено да остваруваат понатамошна

 комуникација без надворешен претставник.

 Системот за грижа на корисници се извршува со помош на еден вид проактивен

 пристап до купувачите на одреден производ или до корисниците на одредена услуга за време на процесот на купување или користење на услугата или по завршувањето на процесот.

 

Спроведувањето на директниот маркетинг досега покажал многубројни резултати во областа на економијата и се докажало дека има повеќе предности, отколку недостатоци.

Секторот задолжен за грижа на корисници при спроведување на директен

маркетинг е задолжен за покачување на нивото на задоволство од производот или од

услугата како важен дел од остварувањето на успешна соработка помеѓу компанијата или организацијата што го врши маркетингот и купувачот или корисникот.

 Грижата за корисници првенствено вклучува позитивна работна атмосфера во која клиентот ќе се почувствува пријатно и сигурно, ќе биде уверен дека ќе му биде уважено секое барање или дека ќе биде прифатена каква било критика на производот или на услугата што ја нуди компанијата. Вработените во овој сектор на прво место секогаш треба да ги ставаат своите комуникациски и технички вештини, познавањето за производот, како и можноста да се справат со секој незадоволен корисник, со цел да создадат позитивна слика за компанијата или за организацијата во која работат.

Ако компанијата или организацијата што врши директен маркетинг постојано работи на позитивниот фидбек кон своите корисници и прави незадоволството на купувачот или корисникот да биде лесно надминато и компензирано, тогаш таа компанија ќе остварува поголем приход и ќе го зголеми својот углед затоа што ќе добие лојални корисници кои и понатаму ќе ги користат нејзините производи или ќе ги препорачаат на други потрошувачи и корисници.

Фокусирањето на потребите и на грижата, како и на искуството на корисниците на прво место обезбедува сигурна соработка со потенцијалните и со редовните потрошувачи, како и создавање на препознатлив рејтинг што ќе биде привлечен и за многу други потрошувачи или корисници на услуги што се подготвени да платат многу повеќе за да го доживеат правилното искуство што го бараат.

 

Фокусирањето на потребите и на грижата, како и на искуството на корисниците на прво место обезбедува сигурна соработка со потенцијалните и со редовните потрошувачи

Секоја позитивна критика и секое позитивно решено недоразбирање со потрошувачите и корисниците води до нераскинлива и лојална врска помеѓу компанијата или организацијата и нејзините постојани или нови клиенти.

Директниот маркетинг и грижата за потрошувачи се во тесна и нераскинлива врска што мора да биде постојано обновувана и почитувана за да придонесе во развојот на меѓусебната интеракција помеѓу компаниите и нивните ценети потрошувачи.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by