Во врска со последните информации поврзани со континуираното професионално усовршување (КПУ) и нашите претходни известувања за објективните пречки за целосна имплементација на членот 19 од Законот за вршење на сметководствени работи во врска со КПУ сакаме да Ве известиме:
Почитувани колеги,
Ве информираме и Ве потсетуваме дека сите регистрирани сметководители и овластени сметководители имаат законска обврска за исполнување на одредбите од погоре именуваниот член од Законот поврзани со КПУ. Истовремено Ве информираме дека Институтот на сметководители и овластени сметководители е во редовна комуникација со лицата од Министерство за финансии кои имаат надлежост за имплементација и подобрување на квалитетот во регулативата и во сметководствената професија воопшто, и дека до крај на оваа година следи намалување на бројот на часовите за КПУ .
Доколку не сте пристапиле кон активности поврзани со КПУ односно не сте се пријавиле за остварувањето на часови за КПУ истото да го започнете што е можно поскоро во периодот кој следува.
Кратка напомена за акредитираните консалтинг куќи во Македонија: на лицата кои на обуките за КПУ се јавуваат во својство на едукатори да им биде издадена и соодветна потврда за часовите од едукацијата.