Почитувани,
Ве известуваме дека добивме „Напатствие за континуирано професионално усовршување“ од страна на ИЦЦ НК за Р.Македонија- одговорно тело за доделуванње на акредитација за одржување на континуирано професионално усовршување .
Ви ги приложуваме поважните точки од напатствието:
НАПАТСТВИЕ ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ
ВОВЕД
Во овие напатствија се утврдува обврската, содржината, обликот и начинот на бодување на континуираното професионално усовршување, како и видот и начинот на неговото изведување, докажување и евидентирање и останати активности поврзани сообјавувањето и надзорот на континуираното професионално усовршување .
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ПОИМИ
Одделни поими употребени во овиенапатствија го имаат следното значење:
1.„Сметководство“ е информациски систем што врши процена,обработка и ги соопштува финасиските информации за правното лице.
2.„Книговодство“ е евидентирање,класифицирање и сумирање на деловните трансакции на правното лице и чување на оригиналната деловна документација која ги докажува овие трансакции.
3.„Сметководител“ е физичко лице кое има уверение за сметководител од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и кое е регистрирано во Регистарот на сметководители согласно Законот за вршење на сметководствени работи.
4.„Овластен сметководител“ ефизичко лице кое има уверение за овластен сметководител од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и кое е регистрирано во Регистарот на овластени сметководители согласно Законот за вршење на сметководствени работи.
5.„Институт на сметководители и овластенисметководители на Република Македонија“ е професионално здружение на сметководители и овластенисметководители основано согласноЗаконот за вршење на сметководствени работи.
6.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување објавени во „Службен весник на Република Македонија“.
7.„МСФИ за МСС“ е Меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти објавени во „Службен весник на Република Македонија“.
8.„Континуирано професионално усовршување“ е постојано стручно усовршување со цел за надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствени работи
ОБВРСКИ И СОДРЖИНА НА КОНТИНИУРАНОТО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ
Секој сметководител е должен од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 90 часа за период од три години,при што најмалку 20 часа во текот на една година.Секој овластен сметководител е должен од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување да обезбеди бодување од најмалку 120 часа за период од три години,при што најмалку 30 часа во текот на една година.Континуираното професионално усовршување допринесува за стручен развој на сите сметководители и овластени сметководители и заради тоа за прифатливи активности кои придонесуваат за континуирано професионално усовршување се сметаат сите активности од кои се очекува развој на стручното знаење, умешност,вредности,етика и ставови насметководителите и овластените сметководители, како и активности релевантни за нивната сегашна и идна работа и стручни обврски.Континуираното професионално усовршување се спроведува како организирана едукација со посета на еднодневни и повеќедневни семинари и други видови на организирана едукација организирани од правните лица кои вршат континуирано професионално усовршување и предвидени со овиенапатствија.Содржината на континуираното професионално усовршување насметководителите и овластените сметководители е одредена со Меѓународните стандарди за образование и се однесува на следните области:
1) Сметководство,финансии и со нив поврзани знаења;
2) Организациски и деловни знаења;
3) 3наење и компетентност во областа на информатичката технологија;
ОБЛИЦИ И БОДУВАЊЕ НА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ
На сметководителите и овластените сметководители им се овозможува да присуствуваат на еднодневни програми на едукација во траење на 8 одржани часови (1 одржан час = 40 минути) организирани од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување кои се бодуваат со 8 бодови/часови. Доколку правно лице кое врши континуирано професионално усовршување не ги исполни во целост часовите од еднодневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови и надоместот за континуирано професионално усовршување ќе изнесува согласно Тарифникот за висината на надоместоци кој е предвиден за 4 бодови/часови.Доколку сметководителот или овластениот сметководител без оправдани причини предвреме ги напушти часовите од еднодневната програма за едукација ќе се признаат само бодови/часови за времето што го поминал на едукацијата.На сметководителите и овластените сметководители им се овозможува да присуствуваат на повеќедневни програми на едукација во траење на 16одржани часови (1 одржан час = 40 минути) организирани од правно лице кое врши континуирано професионално усовршување кои се бодуваат со 16 бодови/часови.Доколку правно лице кое врши континуирано професионално усовршување не ги исполни во целост часовите од повеќедневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови.Доколку сметководителот или овластениот сметководител без оправдани причини предвреме ги напушти часовите од повеќедневната програма за едукација ќе се признаат само 4 бодови/часови.Обезбедените бодови/часови за иста тематска опфатеност кај еден или повеќеправни лица кои вршатконтинуирано професионално усовршување се признаваат еднократно во текот на една календарска година. Начинот, содржината и роковите за доставување на извештаите за евидентираните бодови/часови од континуирано професионално усовршување се предвидени во договорот со кој е доделено право за спроведување на континуирано професионално усовршување.Програмите на едукација направни лица кои вршат континуирано професионално усовршување, треба да бидат во согласност со Годишните програми за континуирано професионално усовршување, да се актуелни по својата содржина ивоедно да преставуваат и основно градиво за испитот на проверка на знаењето на овластените сметководители и сметководители.Трошоците законтинуирано професионално усовршување се пропишани и се однесуваат за 4 часа (1 час = 40 минути) и истите ги сносат учесниците – овластените сметководители и сметководителии се уплаќаат на сметките наовластените правни лица кои вршатконтинуирано професионално усовршување. Во надоместот законтинуирано професионално усовршување покрај предавањето се вклучени и работни материјали со хартиена презентација на темите доколку има такви.Програмите на едукација на континуираното професионално усовршување треба да имаат организациска поставеност во согласност со бројот на посетителите и предвидените едукативни теми, односно да обезбедат потребен комодитет на учесниците, потребно озвучување, надгледни средства,интерактивност и сл.
НАЈАВУВАЊЕ НА КОНТИНУИРАНОТО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ
За секоја посебна програмска едукација правни лица кои вршатконтинуирано професионално усовршување јавно објавуваат известување за спроведување на континуирано професионално усовршување што содржи:
1.Редниот број во годината вкупниот број на бодови/часови на програмската едукација за континуираното професионално усовршување спроведен од правно лице со претходна назнака дали е еднодневно или повеќедневно (пр: ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ БР.1/2017 – 8 ЧАСА)
2.Целосното име на правното лице што ја спроведува програмската едукација законтинуирано професионалноусовршување;
3.Датумите и местата каде што ќе се спроведувапрограмската едукација законтинуирано професионалноусовршување;
4.Темите, името и презимето на лицето - предавач и бројот на бодовите/часовите поединечно за секоја тематска област од програмската едукација законтинуирано професионалноусовршување во согласност со Програмата за тематска опфатеностнаконтинуирано професионално усовршување за тековната година;
5.Бројот на банкарската сметка на правно лице кое вршиконтинуирано професионално усовршување и износот на надоместот за континуираното професионално усовршување согласно утврдениот надомест законтинуирано професионално усовршување.
Правните лица се должни да достават информација за датумите и останати податоци како најава за КПУ, како Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија на својата веб страна би можел да ги најави сите предвидени обуки законтинуирано професионално усовршување според доставените податоци.
Законска обврска:
- 1. Секој сметководител е должен да обезбеди бодување од најмалку 90 часа во текот на три години, од кои најмалку 20 часа во текот на една година, од правно лице кое врши Континуирано Професионално Усовршување.
- 2. Секој овластен сметководител е должен да обезбеди бодување од најмалку 120 часа во текот на три години, од кои најмалку 30 часа во текот на една година, од правно лице кое врши Континуирано Професионално Усовршување.
Академија за Банкарство и Информатичка Технологија како акредитирана институција која одржува обуки за Континуирано Професионално Усовршување ги закажа термините од првата сесија на обуката за КПУ кои сметководителите и овластените сметководители треба задожително да ги посетуваат со цел да ја исполната законската обврска.
Во прилог темините за одржување на КПУ за првата сесија по тематски единици:
ДВОДНЕВЕН СЕМИНАР ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ
БР.1/2017-16 часа
Прва сесија:
Тетово
|
ШТУЛОВ УНИВЕРЗИТЕТ
|
06 и 07.10.2017
|
Скопје
|
АБИТ
|
13 и 14.10.2017
|
Гостивар
|
ХОТЕЛ-РЕСТОРАН ПАНОРАМА
|
13 и 14.10.2017
|
Куманово
|
ЗГРАДА НА КОМИТЕТ (САЛА НА СОВЕТ)
|
17 и 18.10.2017
|
Охрид
|
ХОТЕЛ РОЈАЛ ВЈУ
|
27 и 28,10,2017
|
Штип
|
ХОТЕЛ ИЗГРЕВ
|
30 и 31.10.2017
|
Прилеп
|
ХОТЕЛ КРИСТАЛ ПАЛАС
|
03 и 04.11.2017
|
Струмица
|
ХОТЕЛ ТИВЕРИОПОЛ
|
10 и 11.11.2017
|
Скопје
|
АБИТ
|
17 и 18.11.2017
|
Тетово
|
ШТУЛОВ УНИВЕРЗИТЕТ
|
24 и 25.11.2017
|
Со присуство на дводневниот семинар се здобивате со 16 часа КПУ.
*Преостанатие 16 часа КПУ ќе се одржат во текот на месеците ноември-декември, за што ќе бидете дополнително известени.