Согласно со соопштението од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, Ве известуваме дека обуките за Континуирано Професионално Усовршување на сметководители и овластени сметководители започнуваат од  1-ви Октомври 2017 година.

Академијата за Банкарство и Информатичка Технологија  се стекна со акредитација за вршење на континуирано професионално усовршување на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење на сметководствени работи.

Согласно Законот за вршење на сметководствени работи член 19 сметко­води­телите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од нај­малку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година, а  овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by