ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА АБИТ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна д-р Синиша Наумоски, извршен директор на Академијата за банкарство и информатичка технологија
Извршниот директор на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), д-р Синиша Наумоски на 17 мај, 2017 година оствари средба со Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев. На средбата, меѓу другото се разговараше за современите концепти на специјалистичко образование – практичен пристап како и за состојбите и перспективите на младите после нивното дипломирање.
На состанокот беше промовирана и тригодишната работа на АБИТ, како модел за специјалистичко и стручно образование во Република Македонија согласно регулативите на Евроспката Унија и препораките на Европската тренинг асоцијација во Брисел. Исто така, од страна на директорот на АБИТ беше нагласена улогата и значењето на банките и нивните менаџери во поддршката на академијата.
Премиерот даде силна поддршка за досегашната работа и најави отворена врата во Владата за сите идни проекти на АБИТ кои можат да им помогнат на младите после нивното формално образование. Стекнувањето практично знаење од врвни експерти во банкарството во АБИТ, како што рече тој, е голема придобивка за идните генерации банкари и финансисти.