ОГРОМНО НИ Е ЗАДОВОЛСТВОТО ШТО ЈА ДОНЕСОВМЕ ПРОГРАМАТА НА БАЛКАНОТ


Евелин Хантер
главен извршен директор на Академијата за банкарство на мало – Лондон (Retail Banking Academy - London)

Академијата за банкарство на мало е единственото интернационално, едукативно и професионално тело единствено определено за сертификација на банкарството на мало

ОГРОМНО НИ Е ЗАДОВОЛСТВОТО ШТО ЈА ДОНЕСОВМЕ ПРОГРАМАТА НА БАЛКАНОТ

ДЕНЕС, ПОВЕЌЕ ОД 10.000 БАНКАРИ ВО ПОВЕЌЕ ОД СТО ЗЕМЈИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО СЕРТИФИКАЦИСКАТА ПРОГРАМА НА РБА НА БАНКАРСТВОТО НА МАЛО

  1. За време на Вашата кариера сте биле на повеќе значајни позиции. Со оглед на тоа, дали сметате дека вашето искуство од Лондон ќе има влијание во напорот да се пренесе ,,know-how“ тука во регионот, преку создавање на неколку едукативни програми на банкарско и на финансиско поле?

Академија за банкарство на мало (РБА) е нов учесник во едукацијата за банкарство на мало, како во Обединетото Кралство, така и во светски рамки. Јас се приклучив на лондонската група „Лаферти“ во 2007 година, што беше лидер во давање услуги за пренесување на напредно знаење и лидер за банкарство на мало во светски рамки, повеќе од три декади. Заедно со Мајкл Лаферти ја основавме Академијата за банкарство на мало во 2011 година, следејќи ги растечките и долгогодишните барања на клиентите на интернационално ниво за професионална едукација и квалификација за банкарство на мало. Нашите клиенти чувствуваа дека квалификациите што ги даваа традиционалните банкарски институции се застарени и базирани генерално на традиционалното банкарство од осумдесеттите години на минатиот век, фокусирано првенствено на корпоративно кредитирање.

ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО Е ЛИДЕР ВО БОРБАТА ЗА ОДВОЈУВАЊЕ НА БАНКАРСТВОТО НА МАЛО И НА ИНВЕСТИЦИСКОТО БАНКАРСТВО

  1. Какво е вашето искуство во однос на „know-how“, како специјализирана образовна институција за банкарство на мало на Балканот досега? Сте имале ли соработка со македонски банки или образовни институции и какви се вашите планови на тоа поле за во иднина?

Во најширока смисла, банкарството на мало е релативно модерен феномен. Корени на модерното банкарство можат се забележат уште во 15 и 16 век во Италија во деловните банки, што им служеле за поддршка на локалните трговци, како локално, така и на интернационално ниво. Со развојот на информатичката и комуникациската технологија во 20 век и порастот на побарувачката на потрошувачите, се создаде можност за развој на банкарството на мало, што служи за потребите на потрошувачите и малите и средните претпријатија.

МОЖЕБИ ТЕРМИНИТЕ „БАНКАРСТВО“ И „БАНКАРСТВО НА МАЛО“ ЌЕ БИДАТ СИНОНИМИ, А ИНВЕСТИЦИСКОТО БАНКАРСТВО ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ТОА ДА БИДЕ ОДВОЕНА, ПОСЕБНА ИНДУСТРИЈА

  1. Какво е вашето мислење за влијанието што го има ,,банкарството на мало“ врз британската микроекономија? Дали сметате дека би можело да биде двигател во развојот на претприемништвото во нашата земја?

Денес, банкарството на мало претставува движечка сила на банкарството, формирајќи го најважниот сегмент од банкарскиот систем во развиениот свет и има значаен придонес во одржливоста на профитот на банкарскиот сектор и на реалната економија. Во земјите во развој постои зголемување на побарувачката за банкарски услуги на мало и за потрошувачите и малите и средните претпријатија. Веруваме дека услугите на банкарството на мало ќе бидат доминантна активност на банките во скора иднина. Можеби термините „банкарство“ и „банкарство на мало“ ќе бидат синоними, а инвестициското банкарство ќе се врати на тоа да биде одвоена, посебна индустрија. Ова можеби би било од најголем интерес за клиентите на банкарството на мало. Обединетото Кралство е лидер во борбата за одвојување на банкарството на мало и на инвестициското банкарство.

Уште од времето на глобалната финансиска криза, однесувањето и банкарската култура почнаа да се искачуваат нагоре во агендата на креаторите на глобалните политики. Парламентарната комисија на Комисијата за банкарски стандарди е основана во јули 2012 година, за да спроведе истрага во врска со професионалните стандарди и културата во банкарскиот сектор на Обединетото Кралство.

  1. Како Вие, како извршен директор, би ја дефинирале визијата на Академијата за банкарство на мало?

Ние веруваме дека целта на банкарството на мало е да ги оптимизира приходите на луѓето во текот на нивниот живот и дека обезбедувањето на оваа услуга е света одговорност и право само на вистински професионалци, кои секогаш ќе дејствуваат етички и во интерес на клиентите. Сепак, досега не беше возможно банкарите на мало да достигнат единствена/уедначена професионална ознака за банкарство на мало. Академијата за банкарство на мало е единственото интернационално, едукативно и професионално тело единствено определено за сертификација на банкарството на мало.

  1. Би ве замолил да ми ја објасните важноста и потребата од сертификацијата за банкарство на мало во светски рамки?

Наша мисија е да го промовираме банкарството на мало како интернационална препознатлива професија. Посветени сме на воздигнување на овластен банкар на мало (CRB) во препознатлив индустриски стандард, правејќи го возможен за амбициозните банкарски работници на светско ниво, кои сакаат да се искачуваат нагоре во структурата на сертификациската програма што ги поставува највисоките стандарди на етика, едукација и совршенство на банкарството на мало за клиентите. Наше достигнување е признавањето на банкарите на мало како професионален статус препознатлив во банкарското работење. Денес, повеќе од 10.000 банкари во повеќе од сто земји се вклучени во сертификациската програма на РБА на банкарството на мало, работењето со картички и плаќањата. Нашата визија е за свет каде што банкарите на мало насекаде во светот се професионално едуцирани според сертифицирани стандарди, што го поминале испитот, се придржуваат кон кодексот за професионално однесување и етика, ги следат промените и се во континуирана професионална едукација.

  1. Како можат вработените од банкарскиот сектор од балканскиот регион да се стекнат со диплома за „овластен банкар на мало“ (CRB)?

Без разлика дали доаѓате како индивидуално финансирани или како корпоративен клиент, ние во РБА го имаме вистинското решение за едукација за сите. Нудиме удобно, достапно и прифатливо онлајн-учење насекаде во светот, како и едукација во училници за корпоративни клиенти. Стандардниот пат за да се дојде до сертификатот е да се положат испитите за секое од нивоата на програмата: банкарство на мало I, банкарство на мало II и банкарство на мало III. Исто така, имаме забрзани програми со кои им даваме на кандидатите можност, по исклучок, да аплицираат за полагање на испитите врз основа на претходното работно искуство.

  1. Кои се придобивките за Република Македонија, особено придобивките за нашите комерцијални банки, од можноста за воспоставување стандарди и сертификација на професијата „банкар на мало“?

Огромно ни е задоволството што ја донесовме програмата на Академијата за банкарство на мало на Балканот, во соработка со Академијата за банкарство и информатичка технологија – Скопје. Наша цел е да работиме со локални партнери и ментори, локален тим едукатори, за да се олесни начинот на учење на сите нивоа на нашата сертификациска програма. Со ваква соработка, веруваме дека заедно можеме сериозно да влијаеме на иднината на банкарството на мало како интернационална почитувана професија и дека ќе ја промениме индустријата. Горди сме што ја имаме поддршката на АБИТ за остварување на нашите цели и заедно, со нетрпение, ги очекуваме банкарите на мало од Македонија и од регионот да се приклучат на програмата РБА колку што е можно поскоро.

 

 

 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by