CERTIFIED RISK MANAGER & CREDIT ANALYST -  CRM & CA

Аплицирај Агенда на специјализацијата

Едногодишна сертификациона програма за банкарска специјализација

Програмата е изработена во партнерство со EBTN (European banking and financial services training association) од Брисел. 
На крајот од специјализацијата добивате:
- 32 бодови / ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ - континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво;
- Специјалистички сертификат – Диплома за завршено неформално стручно едногодишно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука.
- Можност за трансферни ЕКТС (кредити) на формални образовни установи.
Специјализацијата ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на управување со најзначајните категории на ризици со кои финансиските институции се соочуваат во нивното работење (кредитниот, пазарниот, ликвидносниот, каматниот и оперативниот ризик). Секако програмата ќе ги опфати како не помалку важни и останатите ризици (правниот, репутацискиот, стратегискиот и ризикот од профитабилност). Посебно внимание ќе се посвети и на т.н. интегрирано управување со ризиците (ERM).
Програмата ќе стави акцент на тековните и практичните трендови на управувањето со ризици на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот банкарски сектор. 

Напомена


Уписен рок: во тек

Информации


Вкупен фонд на часови: 99 часа
Времетраење: една академска година
Почеток на предавања НОВИ групи: ноември 2023 година
Место: АБИТ (бул. „3та Македонска бригада“ бр. 1) со можност за онлајн следење
Динамика на обуката: два пати неделно 
Цена: 1.440 евра со можност за плаќање на рати

ЗА УПИСИ ДО 10.10.2023 ГОДИНА СЛЕДУВА СТИПЕНДИЈА ОД 10.000 ДЕНАРИ

Модул 1

1. Банкарскиот сектор, ризици, карактеристики – Еволуција на регулативата за управување со ризици и преглед на Базел и Базелските стандарди
2. Рамка на управување со ризици и видови ризици
3. Управување со ризици и параметри на ризичност
4. Кредитна политика и кредитен ризик
5. Улога на кредитната анализа, кредитниот аналитичар и кредитната функција
6. Основи на пазарните ризици (валутен, ликвидносен и каматен ризик)
7. Останати нефинансиски ризици (оперативен, репутациски, стратегиски, профитабилност и капитал)
8. Биланс на состојба
9. Биланс на успех
10. Анализа на парични текови
11. Техники на анализа на финансиските извештаи
12. Квалитативни фактори како дел од кредитната анализа Case study и менторинг

Модул 2

1. Анализа на економска состојба и регулативи
2. Кредитен ризик – оперативно управување и мерење
3. Оценка на потреба и структура на кредитирање
4. Кредитирање на микро и мали фирми
5. Кредитирање според индустрии
6. Проектно финансирање и синдицирани заеми
7. Оптимизација на кредитното работење
8. Проектирање на готовински текови
9. Управување со колатералот како инструмент за намалување на кредитниот ризик
10. Анализа на кредитоспособност и разлика помеѓу трансакциски ризик и ризик на клиентот (бонитет)
11. Scoring системите како алатка за управување со кредитниот ризик во банките
12. Мониторирање на кредитите и ранопредупредувачки индикатори за можност од ненаплата на кредитот
13. Напредна сметководствна анализа за финансисти
14. Категоризација на кредитите и методи за пресметка на кредитни загуби (со посебен осврт на ИФРС 9) Case study и менторинг

Модул 3

1. Пазарни ризици (валутен и каматен ризик во портфолиото на банкарските активности)
2. Ликвидносен ризик и методи на Базел 3
3. Оперативен ризик и Останати некредитни ризици и ризик на      екстернализација
4. ICAAP – општа рамка, компоненти; Интегрирање и имплементација на интерно утврдување на адекватноста на капиталот
5. Стрес-тест анализите како алатка во процесот на управување со ризици
6. Проблематични пласмани и наплата на проблематични пласмани; Третман на нефункционални и реструктуирани побарувања
7. Кредитен ризик – Стратешко управување
8. Поврзаност на ризиците и финансиските кризи
9. Кредитна функција и управувањето со ризици во услови на дигитализација Case study – барање за кредит


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by