28.09.2014
АБИТ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
На покана на Хрватскиот институт за банкарство и осигурување во Загреб, Република Хрватска, на 26 Септември 2014 година, свое гостување имаше претставник на македонската банкарска академија „АБИТ Скопје“. Имено, на официјалната средба беше договорено заедничко делување на просторите на „поранешна Југославија“ вклучително со Косово и Албанија во делот на специјалистички семинари. Високите претставници на „ХИБО“ од Загреб, проф. д-р Ивица Прга и проф. Дубравка Месариќ несебично ги пренесоа искуствата од работењето на институтот во изминатите 18 години, како и заеднички дадоа придонес кон градењето на АБИТ-овата стратегија за отпочнување со работа на „Школата за банкарство“. Ваквата школа ќе отпочне со работа во текот на идната година во делот на сертификација, така што АБИТ, со добивањето на статусот – придружен член во европското семејство за банкарски тренинг, на долг рок, ќе добие право да биде единствена од Република Македонија и од регионот акредитирана за програмата „Certificate in Banking (EFCB)“. Ова ќе значи стандардизирање на македонските банкарски работници со колегите од ЕУ и од целиот свет, каде што ваквата диплома (ЕУ-сертификат) „EFCB“ има важност. За возврат кон колегите од Загреб, од страна на македонскиот претставник доц. д-р Синиша Наумоски, несебично беа пренесени искуствата во процесот на интеграција во Европската асоцијација за банкарски тренинг од Брисел.
На крајот од банкарската конференија во Загреб, македонската банкарска академија потпиша повеќе ексклузивни договори со членови на УО на некои позначјни банки во Република Хрватска, високи претставници на ХНБ - Хрватската Народна Банка, како и отпочна преговори за соработка со единствената школа за економија и менаџмент од регионот, која има AACSB акредитација.