Едногодишна сертификациона програма за банкарска специјализација
Програмата е акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија и изработена во соработка со EBTN (European banking and financial services training association) од Брисел.
На крајот добивате:
- 32 бодови / ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ - континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво;
- Специјалистички сертификат - Диплома за завршено неформално стручно едногодишно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука.
- Можност за трансферни ЕКТС (кредити) на формални образовни установи
Програмата се одвива врз база на серија предавања од областа на Усогласеноста (Compliance) со презентација на стручна литература и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на програмата ќе се направи проценка на здобиеното знаење на слушателите од овој основен модул преку тестови и изработка на проекти – т.н. Студии на случај (Case studies) од страна на слушателите. Програмата ќе обезбеди определување на терминот усогласеност („Compliance“) и службеник на усогласеност („Compliance Officer“), идентификување на основната улога на оваа професија во институциите, идентификување на основниот ГАП (GAP) меѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди. Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување на адекватно ниво на информации за идните и сегашните професионалци со цел усогласување со барањата на домашната и на странската регулатива. Целна група: вработени во банките и финансиските институции, како и во останатите приватни и јавни друштва и организации кои директно или индиректно работат со усогласено работење (ново), вработени во одделите за усогласување, директори/раководители на сектори/ филијали, членови на повисок менаџмент.

Напомена


Уписен рок: во тек

Информации


Вкупен фонд на часови: 99 часови
Времетраење:
Почеток на предавања НОВИ групи: октомври 2021 година
Место: АБИТ (Ул. „Орце Николов“ бр. 75, зграда на Македонска берза 1-ви кат) / онлајн (ZOOM)
Динамика на обуката: два пати неделно 

Напомена: полноправните членки на АБИТ плаќаат 50% партиципација

exam feeCCS 1CCS 2CCS 3
30 EUR 390 EUR - 24.063 МКД 480 EUR - 29.616 МКД 480 EUR - 29.616 МКД

невработени и студенти 20%

312 EUR - 19.250 МКД

невработени и студенти 20%

384 EUR - 23.693 МКД

невработени и студенти 20%

384 EUR - 23.693 МКД

 

 

ABIT интервју Маја Андреевска

 

ABIT интервју Олгица Спасевска 

 

ABIT интервју Фросина Целеска


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by