20.10.2014

ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА CО ПОДДРШКА НА АБИТ


 

 

Централната банка ќе даде силна поддршка на секоја иницијатива на банките да вложуваат во усовршување и унапредување на знаењата и вештините, што има цел да создаде профил на банкар, кој ќе може успешно да се справува со предизвиците и ризиците во современото деловно опкружување.

Гувернерот на НБРМ, м-р Димитар Богов, во своето излагање на конститутивната седница на Академијата за банкарство, го изрази својот став дека Централната банка ќе даде силна поддршка на секоја иницијатива на банките да вложуваат во усовршување и унапредување на знаењата и вештините, што има цел да создаде профил на банкар, кој ќе може успешно да се справува со предизвиците и ризиците во современото деловно опкружување. Според тоа, комерцијалните банки, кај нас, мораат да го усовршуваат своето знаење и да бидат во чекор со современите банкарски трендови и регулативи. Во контекст на ова, м-р Богов ќе истакне:
„Навистина е задоволство кога ќе се види дека банките не се само конкуренти на пазарот туку знаат и да соработуваат, така и треба да биде, бидејќи имаат како цел – меѓусебен натпревар на пазарот за придобивање клиенти“.

Во функција на поддршка на стручното образование, според зборовите на гувернерот, Народната банка ја поддржува Академијата за банкарство и информатичка технологија и смета дека со нејзиното појавување се создава заедничка платформа на банките за поуспешна едукација и унапредување на знаењето за најновите случувања во банкарските системи во светот, како и за пренесување на најдобрите практики на управување со ризиците во македонскиот банкарски систем. Во таа насока, тој ќе додаде:

„Ѝ посакувам успешна работа, успешен развој на Академијата и Народната банка ќе биде тука за да ѝ помогне во нејзиното функционирање, да обезбедува стручен кадар, предавања и сè што ќе биде потребно од нас“.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by