22.01.2015

ICAAP- ВНАТРЕШНА ПРОЦЕНКА НА АДЕКВАТНОСТА НА КАПИТАЛОТ (ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ)


 
 
Заврши со голем успех и високо ниво на евалуација, дводневниот специјалистички семинар: „ICAAP-ВНАТРЕШНА ПРОЦЕНКА НА АДЕКВАТНОСТА НА КАПИТАЛОТ (ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ)

Во конгресната сала на хотелот „Карпош“, под менторство на Академијата за банкарство и информтичка технологија (АБИТ), на 23 и 24 Декември 2014 год., успешно заврши седмиот по ред, и последен за првиот семестар на специјалистичка практична настава за македонските банкарски работници, специјалистички дводневен семинар.  
 
Главната цел на овој специјалистички семинар, беше презентирање кон партиципиентите теоретски и практични знаења за процесот на оценка на адекватноста на интерниот капитал (ICAAP), со посебен акцент на неговата важност, методите и категоризација на ризиците поврзани со оваа тематика.

Имено, на првиот ден на семинарот подетално се говореше од страна на Давчев Владимир (член на НЛБ Тутунска банка), за рамката на процесот на управување на ризиците, профилите на ризичност, оценка на финансиските и нефинансиските ризици, како и методите за пресметка на капитално барање во ICAAPво делот кој ги опфаќа ризиците.  Вториот ден, беше излагањето на Проф. д-р  Шверко Иван (член на УО на Croatia Banka АД Загреб), кој со презентации и анализи на практични примери и дискусија ги опфати релевантни теми за основата, регулативата и менаџирање на ризиците во доменот на интерната адекватност на капиталот. Посебен осврт беше даден на разбирање на значајноста, улогата, пресметката, моделирањето и управувањето со ICAAP елементите. Во текот на семинарот, сите учесници имаа можност да се запознаат со начинот на фукнционирање на овој ICAAP процес, предностите и предизвиците при самата негова имплементација.

Беше кажано:
„ICAAP не е само обврска туку и предизивик за банкарскиот сектор и служи во интерес на самата банка. Имено, со ICAAP се креираат високо квалитетни интерни процедури, методологии и системи кои осигуруваат долгорочно креирање на адекватен капитал, со кој, ќе се покријат материјалните ризици. Сите овие процедури го чинат ICAAP процесот, кој како таков квалитативно и квантитаивно ја лимитира банката кон изложувањето на ризикотБанката ги дефинира специфичните ризици на кои таа може да биде изложена, врз база на што се одредуваат интерните парични проценки и потреби за да се одржи банкарскиот капацитет за одбрана од ризиците. Круцијалната важност на ICAAP е да се креира рамка на процесот на управување со ризиците, со помош на која се врши навремено идентификување на интерните и екстерните фактори кои би влијаеле на перформансите на банката.“


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by