#АБИТинтервју: Запознајте ја Драгица Стаменковиќ, Раководител на експозитура на НЛБ Банка АД Скопје во Куманово и дел од нашето портфолио на #УспешниПриказни од 5-тата генерација на Академијата за „Кредитна анализа и управување со ризици“


1. Дали може да дознаеме нешто повеќе за Вас и Вашиот кариерен пат?
Јас сум Драгица Стаменковиќ, работам во НЛБ Банка АД Скопје повеќе од 16 години. Вработувањето во НЛБ Банка, беше моето прво да кажам сериозно вработување, имав 23 години и бев на студии на последниот семестар, на Економскиот факултет во Скопје, департман маркетинг. Мојот кариерен пат од оваа перспектива е што би кажале „by the book“, односно се протега од практикантска работа со која започнав далечната 2005 година во НЛБ Банка по завршување на III студиска година, па се протега до раководна позиција. Тоа би значело дека во рамките на мојот професионален развој напредував скалило по скалило, работев на различни позиции во рамките на продажна мрежа, почнувајќи со практикантска работа, благајничко работење, кредитирање на физички лица - до раководна позиција која ја извршувам од 2017 година.
Приватно сакам да потенцирам дека сум мајка на две прекрасни ќерки.


2. Како дојдовте до идејата да се запишете на Академијата за „Кредитен аналист и менаџер на ризици“?
Идејата да се запишам на Академијата постоеше од самото нејзино отворање. Меѓутоа, со оглед на тоа дека моето формално и неформално образование од повеќе области продолжува до ден денес, уписот на Академијата зависеше од повеќе фактори: време, финансии и тековни едукации. Во моментот кога бев унапредена на позиција Раководител, почувствував потреба да ги проширам своите знаења и од области од кои немам практично искуство, а Академијата преку модулот за „Кредитен аналист и менаџер на ризици“ беше најдобриот избор.


3. Дали и колку Ви помогна во тоа што го работите денес?
Оваа едукација ми помогна во повеќе аспекти и тоа: мојата свест за проценка и согледување на ризик е повисока, имам знаење за анализа на севкупното работење на потенцијалните клиенти, посебно во делот на правни лица, поголемото знаење и свесност ја подобрува и мојата комуникација со клиентите и влијае позитивно и на мојата преговарачка моќ, едноставно одлуките го донесувам посигурно, посвесно, правам подобра проценка на ризик, што крајно допринесува за зголемување на квалитетни пласмани, што е моја цел, интерес и обврска, како професионалец.


4. И за крај, што би им препорачале на идните студенти на програмата „CERTIFIED RISK MANAGER & CREDIT ANALYST® (CRM & CA)“?
Програмата ја препорачувам на сите кои работат во сегмент на кредитна анализа, ризици, донесување на одлуки за одобрување на кредитни изложености, на сите кои сакаат да ги прошират своите знаења за финансиска анализа и проценка на ризик. Предавачите се посветени, колегите се од различни институции, се разменуваат искуства и се стекнуваат пријателства.

   


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by