АБИТанализа: „Менаџерите често донесуваат одлуки во знакот извичник (!)“

Метафорички кажано, колегите од Хајделберг, сметаат дека точката претставува одлука, а за да дојдеме до неа се лизгаме низ вертикалниот елемент на знакот. Во таа насока, често се случува, во компаниите, ваквата симболика на одлуки или видовите на одлуки во кој влегуваме се: „последниот пат направивме така...“; „очигледно во нашата дејност на работа мораш така да направиш...“; „ако шефот тоа така го сака, тогаш... па мора да е во право, тој е шеф“... Или на состанок, раководителот прашува „дали е некој против предлогот?“. Кога никој не се јавува, тој заклучува: „сите се согласуваат“. Од ова, ќе се согласиме дека сите оние вработени кои не кажале „НЕ“ немаат кажано „ДА“. После состанокот, повеќето од нив ќе кажат што навистина мислат и дека ќе се однесуваат во функција на тоа што го мислат.

Затоа, ние контролерите, велиме дека ваквите ситуации можат да доведат до проблеми, и тоа, токму во моментите кога вработените ќе започнат да ги спроведуваат одлуките во пракса. Заклучок: од ова, произлегува дека времето, кое, компанијата го заштедила во процесот на планирање, сега е време потребно за решавање на проблемите. Тоа е многу скапа и непотребна постапка. Скапа во смисла на пари, време и демотивација.

За контролерите, карактеристичен е прашалникот (?)

Тука, ние во АБИТ, како контролери, го предлагаме прашалникот во смисла на утврдување на фактите. Тоа, од своја страна подразбира откривање што треба да се земе предвид, пронаоѓање баланс помеѓу оптимизмот и песимизмот, изградба на консензус низ тимска работа и на крај, изработка на пресметка за донесување на одлука за инвестиција, одредување на цена и одлучување - дали да се позајми или да се купи?

Одлуките мора да се „утврдат“, а не да се „донесат“. Практично, тука, улогата на контролерот е вградена во процесот на утврдување на одлуките. Менаџерот и контролерот се нераздвојни. Од друга страна, пак, ако контролерот поставува многу прашања, велиме - може да отиде предалеку. Со тоа, тој гледа една алтернатива, после друга, што може да доведе до појава т.н. „анализа-парализа“. Можеби нема да се направат никакви грешки, но нема и ништо да се одлучи. Кај нас, тоа се нарекува „од дрвото не ја гледаш шумата“.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by