АБИТ АНАЛИЗА: ВИСТИНСКО ТОЛКУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ВАРИЈАБЛИ И ПОРАКАТА ОД ПОПИСОТ

Настаните во Украина и кризата со пандемијата, имаат индиректно влијание врз македонската економија. Тоа е факт. Тука, ние граѓаните, треба да сме претпазливи во насока на вистинското толкување и согледување на следниве варијабли, како што се:
- Македонската економија има стабилно ниво на девизни резерви од3,3 милијарди евра;
- Девизните резерви покажуваат константен раст, ако се направи анализа наназад во изминативе десеттина години. Тука, особено важна е паралелата со состојбите на девизните резерви во периодот од воениот конфликт во 2001 година, каде тие изнесуваа двојно помалку, а ние, тогаш успешно се справивме со кризата;
- ММФ одигра значајна улога во зајакнување на девизната ликвидност, а со тоа и во стабилноста на денарот, преку одобрените специјални права за влечење од ММФ во износ 161 милион евра, а вклучни во девизните резерви;
- Денарот е стабилен и ќе остане така;
- Опстојуваат повисоки стапки на инфлација, во споредба со ланските октомвиски проекции на ММФ, кај сите земји од регионот и земјите од еврозоната, како резултат на нарушената понуда и побарувачка на глобалните пазари од кризата со пандемијата, а дополнително засилени со воениот конфликт во Украина;
- Банките, во тековната 2022 година покажуваат високо ниво на стабилност, немаат никаква поврзаност со руските банки, како и домашната економија нема зависност со руската економија; и
- Македонската држава има безбедносно обезбеден простор, преку членството во НАТО.

Стопанството денес - препознавање на трошоците поврзани со човечките ресурси како инвестиција
Денес, во услови на совршена конкуренција, дејноста на компаниите не се врзува исклучиво за залихите, туку за нејзината целокупна актива, особено онаа во инвестициите кои се најважни за нејзината успешност и профитабилност во работата. Оттука, најважната активност на компанијата не се парите на жиро сметката, туку довербата на клиентите кон неа. Таа доверба е резултат на долгогодишен труд и совесна работа на вработените. Но, за да се изгради таа доверба, на фирмата ѝ се потребни дополнителни сили, со кои, таа ќе влијае врз клиентите, за тие подоцна да побараат и дополнителни услуги од неа. Тоа е можно само доколку таа ги препознава трошоците поврзани со човечките ресурси како инвестиција.

Имено, само на овој начин ќе ја сопреме неповолната тенденција на иселување на граѓаните, особено младите Македонски и Албанци, за кои бројки, сите бевме сведоци во анализите на ДЗС преку промоција на неодамнешните резултати од пописот. Колку и да се мериме едни со други, после 20 години, едно е јасно: сите загубивме многу, а дијаспората не покажа ентузијазам и желба, во поголем број да се евидентира во графата - Македонци.

Од ова, станува појасна врската помеѓу успешноста на компаниите и развојот на нејзините човечки ресурси, кои, понатаму ќе бидат активни помагачи на целиот економски систем. Но, не само таа врска, туку потребна за успех на економскиот систем, многу повеќе е врската за тоа, како, од една страна претприемачите со нивните компетенции и вештини можат да направат успех со позајмените пари од банката, а од друга страна, спремноста на банката силно да ги антиципира ризиците од таквиот процес. Тоа е формулата за „успех“ на идните претприемачи. Поточно, таа врска е одржлива со високо ниво на меѓусебно разбирање, дијалог и активна поддршка на едукативна платформа.

P.S. Најдобро време да се купи една компанија е кога таа е во неволја. Во таа насока, меѓу другото, Ворен Бафет ќе додаде: “Најдоброто нешто што може да ни се случи е кога една голема компанија се впушта во привремени проблеми. Ние сакаме да ги купиме кога тие се на операционата маса.”


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by