АБИТ АНАЛИЗА: КАКВИ СЕ СОСТОЈБИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО НАШ НАЈБИТЕН ТРГОВСКИ ПАРТНЕР?

Слично на движењата во регионот, состојбите во Германија, како наш најбитен поединечен трговски партнер, упатуваат на одредено забавување на активноста во економијата во третиот квартал, лани.

Имено, во изминатата година, која беше и изборна во Германија, со промена на политичката номенклатура, се забележуваа нарушувања во синџирите на снабдување врз преработувачката индустрија и услужниот сектор, но и покрај тоа, ММФ ќе обележи оцена за солиден раст на БДП од 3 отсто, на крајот од годината. Практично, таквите проекции одеа во насоката нагоре за 2022 година, што, според нас во АБИТ, тоа е нормална рефлексија поради големиот пад во 2020 година или пониското почетно ниво (праг) на економијата, од она во пред-пандемискиот период.

Во поглед на стабилизацијата во растот на германската економија, проекциите на ММФ не се многу оптимистични, ако се има во предвид дека стабилноста на економијата на нивото од пред кризата ќе се постигне дури во 2023 година, со стапка на раст на БДП од 1,6 отсто. Од ова, со право може да се оправда анализата за македонската економија, во која, се гледа, исто така проекција на стабилен раст на економијата во 2023 година. Тоа е така, затоа што Германија е наш најдобар поединечен трговски партнер, со кој, македонската економија остварува суфицит во трговско-платниот биланс (повеќе извезуваме, од колку што увезуваме).

На крај, ние во АБИТ, лани, во октомври, направивме една проекција за стапката на инфлација во Германија. Имено, таа е проектирана во нагорна линија во износ од 2,9 отсто за 2021 година. Според тоа, исто како кај нас и земјите од регионот, во проекциите на меѓународните институции се прави корекција во насока на нагорна тенденција на стапката на инфлација, во споредба со изминатите две години (2019 и 2020), за да потоа, состојбата се стабилизира на ниво од пред кризата до 1,5 отсто инфлација во 2022 и 1,3 отсто во 2023 година.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by