АБИТ АНАЛИЗА: КОНТРОЛИНГ НА РИЗИЦИТЕ
Поимот ризик во модерното банкарство подразбира процес на проценка, контрола, финансирање и администрација на неизвесниот настан преку воспоставување на стабилен систем на управување и контрола врз ризикот. Во АБИТ, на мислење сме, дека ваквиот процес, особено во современата банкарска институција добива приоритет на најважна функција.
Еден успешен банкар, пријател на АБИТ, често знае да рече:
"Банката претставува специфичен вид на претпријатие, организирано како акционерско друштво, кое се занимава со специфичната стока наречена - пари“.
Проблематиката со контролингот на ризиците не може многу да помогне за менаџментот на банката, во насока на тоа, тој многу полесно да направи евалуација на степенот на веројатноста на појавите за кои постојат некои искуства од минатото. Но, може, и тоа како многу, да помогне на менаџментот кога треба да се гледа напред во иднината. Имено, кога треба да се предвидат различни алтернативни состојби, во кои, може да се најде банката и опкружувањето, како на пример, комитентот на банката чиј долг, таa, размислува да го консолидира, може, но и не мора да оди во стечај или ликвидација, или пак реалнaта инфлација во земјата може да се очекува во проекциите на Централната банка дека ќе изнесува 1,5%, но таа може да биде поголема или само минимални под 1%. Доколку постои сигурност дека ќе се случи само една од можните состојби, тогаш би се живеело во сигурен свет со стабилни приноси од инвестициите и без постоење на ризици.
За цели на оваа прва, од серијалот „АБИТ анализи“ занимливо би било, да анализираме еден пример, во кој, банката „НН“ има можност да инвестира во два инвестициски проекти со различни поединечни приноси. Поточно, таа треба да се определи за избор на еден од двата алтернативни инвестициони проекти: инвестиција А и инвестиција Б. Вредноста ѝ за двата проекти (од кои банката треба да го избере оној со помал ризик) е еднаква и изнесува 1.000.000 денари. Врз основа на извршената кредитна анализа од банкарските професионалци во таа област, се прибрани мислења – оценки за очекуваните стапки на принос од секоја инвестиција, која банката треба да ја поддржи.
Оттука, со длабинска обработка на добиените оценки од банкарските специјалисти е извршено нивно групирање во три групи на оценки за очекуваната стапка на принос: песимистичка, оптимистичка и најверојатна. Исто така, пресметана е веројатноста за секоја од стапките на приносот. Сега, логично се поставува прашањето:
Која од алтернативите е подобра за банката (инвестиција А или инвестиција Б)?
Ако знам дека и двата алтернативни инвестициски проекти, од кои банката треба да го избере оној со помал ризик, имаат еднаква вредност од 1.000.000 денари, тогаш, со право би рекол дека податоците за веројатноста и за големината на приносот што би го добила банката од поддршка на инвестициите А или Б, според трите оценки, можат да имаат одлучувачко влијание за банкарските специјалисти. Може да има неколку десетици варијации, а сето тоа ќе зависи од параметрите: веројатност да се врати инвестицијата од една, и процентот на принос од друга страна.
Тука, ние во АБИТ, немаме намера да да одиме подлабоко, со табели и слики, или да ја престориме анализата во научна статија. Имено, нашата цел е да укажеме на следново:
- за менаџерите во банката, постои еден и единствен начин за да се здобијат со важни информации при донесување на одлуката за избор една од алтернативните инвестициски проекти, како и за одлуките во врска со одобрувањето на кредити. Тоа е преку постапките за контролинг на ризикот, и не постои друг начин.