Програмата се одвива врз база на серија предавања од областа на корпоративното управување (corporate governance) со презентација на најновата стручната литература во овој дел и објаснување на барањата на постојната правна регулатива. Потоа презентација на практични прашања и работа на случаи/проблеми кои се значајни за разбирање на правилата на доброто корпоративно управување. Предавачите се професионално ангажирани во регулаторните тела и приватниот сектор со долгогодишно практично искуство во сферата на корпоративното управување, усогласеното работење со прописите, спречувањето на перење пари, работењето на осигурителните друштва и функционирањето на пазарот на капитал.
Целна група: Во фокусот на предавањата ќе биде работењето на финансиските институции и котираните друштва на Македонска берза од аспект на добрите меѓународни практики на корпоративно управување и усогласено работење со прописите.
Уписен рок: во тек
Информации
Вкупен фонд на часови: 108
Времетраење: 6 месеци
Почеток: 15 април 2024 година
Место: АБИТ (ул. Васко Каранѓелески, Хајделберг Факултет во Скопје) со можност за онлајн следење
Динамика на обуката: два пати неделно (понеделник и среда)
Цена: 1.440 ЕУР (88.848МКД) со можност за плаќање на рати
Модул 1
1. Вовед во корпоративното управување (Corporate Governance) – поим, дефиниции, придобивки и трошок
2. Правна и институционална рамка на корпоративното управување, споредбено и во Македонија
3. Интерни акти и документи на друштвото
• Договор за друштвото, односно Статут на друштвото (Тhe Company’s Statute)
• Обврски за друштвата кои котираат берза и друштвата со посебни обврски за известување, како и обработка на Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва на Македонска берза
4. Акционери на друштвото и заинтересирани страни (Shareholders and Stakeholders)
5. Одбори на друштвото, состав и структура (Board Role, Board Committees, Composition and Structure)
6. Улога на Управниот одбор/Одбор на директори/управителите и нивните права и надлежности (Directors’ Duties and Liabilities)
7. Обелоденување и транспарентност (Disclosure and Transparency) -постапување со ценовно чувствителни информации, внатрешни (инсајдерски) информации, деловна и банкарска тајна и сл.
8. Политика за наградување (Remuneration) и менаџерски договори
9. Присоединување и спојување на акционерски друштва
Модул 2
1. Линии на одбрана (lines of defense) и управување со ризиците (the governance of risk/risk management framework, risk appetite)
2. Организациска поставеност, статус и ресурси на функцијата за управување со ризици и нејзина улога и функции (Chief Risk Officer, role and responsibilities)
3. Функциja на усогласеност со прописите (Compliance Function, role and responsibilities) независност на функцијата, улога и функции-следење на прописите, давање на мислење за нов производ/услуга, известување до високиот менаџмент, проценка на ризици од неусогласеност со прописите, спроведување на контрола (compliance check) и едукација, судир на интереси и корупција и сл.)
4. Соработка со другите организациони делови во друштвото, надворешни институции и регулаторни тела
5. Функција на внатрешна ревизија (Internal Audit) - статус, улога и одговорности, опфат на активности, ревизорски циклус, известување до органите на друштвото
6. Улогата и функцијата на надворешната ревизија
7. Улога и функција на супервизорите и надзорните органи
8. Заштита на лични податоци (Data Protection Officer)
9. Ризик од перење пари (AML/CFT Risk Management and FATCA Officer) и методологија за процена на ризик на ниво на друштво
Модул 3
1. Заштита на потрошувачите при користење на финансиските услуги (Consumer Protection)
2. Новини и усогласено работење со Законот за платежни услуги и платни системи (payment services; fit &proper критериуми за лиценцирање; спроведување на надзор)
3. Финтек компании и ризици од нивниот бизнис модел
4. Користење услуги од надворешни лица (Outsourcing risk)
5. Управување со внатрешни и надворешни измами (Fraud Prevention/Management)
6. Управување со правен ризик (Legal risk management) и со поплаки на клиенти (Complaints management)
7. Е-управување, електронска идентификација, потпис и документација
8. Финансирање на тероризам и рестриктивни мерки (Sanctions)
9. Корпоративно управување и новите технологии (критични системи и сајбер безбедност)
Предавачи:
- д-р Искра Ивановска Стојановска, самостоен советник, Дирекција за теренска супервизија во Нaродната банка
- м-р Олгица Спасевска, Генерален Секретар, Шпаркасе банка АД Скопје
- Васка Кутревска, Директор на Правна служба за Западен Балкан, Сандоз
- м-р Глигор Пандиловски, Директор на Одделот за усогласеност Стопанска банка АД Скопје, Претседател на АМЛ/Комисијата за усогласеност при Македонската банкарска асоцијација
- Благородна Мирчевска, Оддел за усогласеност со прописите, НЛБ Банка АД Скопје
- Јасна Смилева, Раководител на стручна служба, Комисија за хартии од вредност