„Стратегија 2020“

На 29 Октомври 2019 година, под покровителство на Европската банкарска тренинг асоцијација закажен е нов состанок, за кој се предвидува потпишување на Договор за стратешко партнерство и промоција на заеднички програми, од страна на Францускиот Институт за професионална обука на банкари (CFPB: The training Institute of the French banks association) како дел од Француската асоцијација за банкарство и Академијата за банкарство и информатичка технологија АБИТ. 

Во првиот квартал од 2019 година, во Париз, беше реализирана официјална средба на високите претставници на Француската банкарска асоцијација од една, и претставниците на макеоднската академија за банкарство АБИТ, од друга страна.
Имено, организатори и домаѓини на средбата беа Рене Дебиолс, директор и одговорен за меѓународна соработка на CFPB, The Training Institute of The French Banks Association и Корин Јанбуктин, координатор за Европа и Азија.
На средбата, г-дин Рене во функција на претставник на „CFPB: The Training Institute оf The French Banks Association“ и член на УО на Француската агенција за развој (AFD) искажа подготвеност за поддршка на Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ како дел од активностите на Република Франција за земјите од регионот на Западен Балкан, поточно го презентираше планот за регионалната интеграција за Западен Балкан, каде АФД ќе ја поддржи економската транзиција во областа на образованието во насока на развој на стручните вештини. Беше подвлечено дека АБИТ со платформата на работа во изминативе 5 години и дизајнираното сопствено едукативното портфолио има шанси да биде дел од проектите кои AFD и CFPB ќе ги реализаат во иднина.

Според тоа, на 29 Октомври, 2019 година под покровителство на Европската банкарска трениг асоцијација е закажан нов состанок, за кој се предвидува потпишување на договор за стратешко партнерство и промоција на заеднички програми, од страна на Францускиот Институтот за професионална обука на банкари (CFPB: Тhe training Institute of the French banks association) како дел од Француската асоцијација за банкарство и Академијата за бнкарство и информатичка технологија АБИТ.
За таа цел, се дизајнираше „Стратегијата 2020“ за работа на Балканот, со тоа што македонската академија за банкарство - АБИТ со помош на партнерите од Хајделберг Институтот во Скопје се стекнува со правото да биде тренинг партнер и провајдер на услугите на една од најголемите стручни образовни организации за банкарски тренинг во Европа.

Следниве показатели за „CFPB: Тhe training Institute of the French banks association“ ја истакнуваат важноста на новото партнерство, и тоа:

- 35.000 слушатели годишно;
- 2.800 обучувачи, од кои 500 се надвор од Франција;
- 300 различни курсеви за обука;
- Курсеви со сеопфатна диплома за Bachelor и Master;
- E-learning модули за обука;
- Способности за испорачување на професионални сертификати;
- 30 развиени дипломски курсеви, согласно потребите на банките
- Над 5.500 вработени во банките кои се стекнале со диплома и сертификат;
- Околу 3.800 млади банкари, кои посетуваат годишно курсеви;
- Над 100 партнерства со француски и меѓународни институционални партнери (Универзитети, Институти за високо образование, бизнис школи итн.);
- 6 000 обуки за поддршка;
- 600 клиенти во банкарството, микрофинансирање и осигурителен сектор;
- 225 постојанo вработени; и
- Годишен приход од 42 милиони евра.

Ваквата соработка започнува со имплементација од 2020. Во активностите се планирани следниве програми:
- Школа за финансии, која вклучува 3 меѓународни сертификации;
- Школа за банкарство, која вклучува 6 меѓународни сертификации;
- Школа New tech. и бизнис ИТ, која вклучува 10 сертификации;
- Школа за млади претприемачи;
- Стручни дуални студии (BACHELOR'S and MASTER'S studies):
- Bachelor in Assets Management Advisor
- Bachelor in SMEs and self-employment
- Master in Bank Management
- Master in Senior Bank Management
- MBA in Finance & Controlling
- Business Data Governance & Business Informatics
Предавачите, во најголем дел ќе бидат домашни со претходна обука во Париз, Хајделебрг, Манхајм и Оестрих-Винкел, како и меѓународни истакнати предавачи од Франција и Германија.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by