Некои нови тенденции и ризици во меѓународниот финансиски менаџмент и банкарскиот сектор

Статија во „е-Банкар“ број 9

Д-р Мики Рунтев

Меѓународниот финансиски менаџмент главно се занимава со прашања и одлуки за тоа како оптимално да се прават разни корпорациско-финансиски одлуки. Тоа се оние штосе однесуваат на инвестициите, трговијата, пазарното стопанство, структурата на капиталот, дивидендната политика и управувањето со прометниот капитал, а со цел да се постигне збир на дадени корпоративни цели.Несомнено, живееме во глобализиран свет,каде што сите големи економски функции – потрошувачка, производство и инвестиции се многу глобализирани и либерализирани. Овој факт е од суштинско значење за финансиските менаџери кои целосно ги разбираат меѓународните димензии на финансиското управување штосе многу комплексни и од витално значење.Потребата за разбирањето на односите и состојбите на меѓународните финансиски пазари, банкарските сектори, како и факторите на општествените промени е иницирано, пред сè, за разрешување на некои актуелни проблеми, штово последниве неколку години се покажаа како пречка за позитивен и подинамичен економско-финансиски развој. Тоа требаше да резултира со подобрување на состојбите, проблемите и правците на секоја национална економија штосе карактеризира со динамиката на нејзиниот реален и финансискиот сектор.

Да се има фискален простор е да имаш пари во банката

Од досегашните случувања на меѓународните финансиски пазари се укажува на тоа дека кога фирмите и поединците се вклучени во прекугранични трансакции тие се потенцијално изложени на девизен ризик, штово нормални услови не би постоеле при чисто домашни трансакции. Состојбата со ризикот на девизниот курс помеѓу големите и важни валути, како што се американскиот долар, јапонски јен, британската фунта и еврото, е турбулентна и е во постојано колебање на непредвидлив начин.

Нестабилноста на девизниот курс секогаш ќе има сеопфатно влијание во сите големи економски функции, како што се потрошувачката, производството и инвестициите.Друг ризик што фирмите и поединците што можат да го почувствуваат во меѓународниот амбиент е политичкиот ризик. Политичкиот ризик може да се движи од неочекувани промени во даночните правила, до целосна експропријација на средствата што се во сопственост на странци. Политичкиот ризик произлегуваат од фактот дека една суверена земја може да ги промени „правилата на игра“и засегнатите страни не можат да имаат ефективно обесштетување.

Во моментов, меѓународните финансиски пазари се пловни и на нив се очекува континуирана поддршка од политиката на големите економии,на пример, од Кина со фискалната експанзија и дерегулацијата во САД, но и со регулирањето на протекционистичките мерки.

Банкарските системии меѓународните финансиски пазари во последниве неколку години претрпеа големи турбулентни и драматични промени. Досегашните финансиски и банкарски кризи покажаа дека дури и најразвиените пазари не се имуни при финансиските нарушувања. Со опкружувањето на посебно сложени и поврзани финансиски пазари, минимизирањето на ризикот од една страна и изборот на успешна стратегија на управување со клучните параметри на дејствување од друга страна, добија посебен импулс фактор за квалитет на финансиските институции.

Но, сè уште постојат некои послаби банки штотреба да бидат во насока да го зајакнат нивниот биланс на состојба. Исто така, постојат и голем број банки штоработат на меѓународно ниво и се соочуваат со нерамнотежа во ликвидноста на доларот. Притоа, ако во иднина дојде до зголемување на нестабилноста на финансиските пазари, тоа може да создаде тешкотии со финансирањето на доларот. Од друга страна, укажува на фактот дека сите банкарски системи не се еднакво подложни на притисоци на финансиските пазари. Имено, банките треба на еден начин да даваатгаранции дека ризиците за ликвидност на специфични валути кај индивидуалните субјекти во нивните банкарски групи и понатаму ќе бидат ефективно управувани.Затоа, од досегашните случувања во банкарското работењесе препорачува поголемо и квалитетно работење што подразбира мерење и квалифицирање на сите материјално значајни категории на ризик со кои се изложени банките,како и нивна квалитетна интерпретација на резултатите.

Како илустрација, она што е важно во меѓународната трговија,особено во делот на трговската размена, е големината на уделот во националните валути во официјалните договори. Таков пример за економска соработка е помеѓу Русија и Кина, чијашто трговска размена, во 2016 година, надмина над 40милијарди долари. Состојбата помеѓу нив во трговските биланси се промени и јуанот стана резервна валута, со кое официјално е признат од страна на клучните глобални финансиски институции, а тоа во долгорочен период ќе обезбеди дополнителни негови можности.

Карактеристично е дека структурните проблеми, како низок пораст на продуктивноста, така и нееднаквоста со висок приход веројатно ќе продолжат. Економскиот поредок и предизвиците со кој се соочуваа политиките на глобалната економска интеграција и глобалната соработка се покажаа како добри особено кон пазарите во развој и економиите во развој.

Но, важно е да се наспомене дека заканата од продлабочувањето на геополитичките тензии опстојува, особено во недоволно развиените економии какви што се, на пример, на Балканот. Затоа се посочува дека економските политики на државите треба да имаат важна улога во отстранувањето на ризиците. Геополитичките турбуленции и несигурности можат да се појават и да се зголемат во некои држави и понатаму во иднина. Тоа би предизвикало поголеми проблеми на пазарите, како и во севкупниот меѓународен финансиски систем.Компаративно на ова,земјите штовршат улога на светски пари, како доларот, еврото, јенот и фунтата,и кои остваруваат одредени привилегии, како што е кредитирањето без камати, немаат интерес да се зафатат со реформирање на меѓународниот финансиски систем.

Тврдењето дека владите понекогаш трпат неуспеси не би требало да се наметнува на пазарите и е неосновано, исто како што важи и обратното тврдење дека откако ќе пропаднат, пазарите треба да бидат напуштени. Евидентно е дека предизвиците се големи, многу прашања не се апсолвирани ни на светско, ниту во ЕУ, асоцијација кон која се стремимеитн. Поради сите овие причини, пазарите, но и банките со нивното кредитирање и при поволни каматни стапки треба да бидат приспособливи и умерени, за да сме сигурни дека работат во полза на голем број луѓе. Тоа треба да се прави постојано за да сме уверени дека пазарите ќе продолжат да функционираатнатој начин.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by