ТЕХНОЛОШКАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ

Статија во „е-Банкар“ број 9

М-р Катерина Бошевска

Генерален директор на „ЕОS Матрих“ во Македонија, Косово и Црна Гора

Живееме во секојдневие кога новите технологии, новите канали на комуникација новиот начин на работење го менува светот околу нас и малку од нештата што нè опкружуваат остануваат исти и непроменети. Со цел да се соочи со таквата ситуација, секоја компанија треба да го приспособи своето дејствување и да одговори на таквото секојдневие со креативност, ориентиран пристап кон решение и принципиелно одлучување. Правејќи го тоа, секоја компанија се соочува со низа предизвици во секојдневно работење. Сèдодека предизвиците доаѓаат како последица на сопственото преиспитување во насока на тоа да се биде подобар и поуспешен се постигнува поголема продуктивност и се остварува поголем успех и пораст на компанијата. Впрочем, токму тоа е она што нèдвижи напред, поголемата продуктивност заснована на себе преиспитување и унапредување на начинот како работиме.

Сепак, во ниту еден момент не смееме да заборавиме на пазарот на кој дејствуваме, импулсите што ги праќа, трендовите што ги поставува. Особено во областа на финансиското работење, потребно е да се преиспитуваат трендовите во ризиците и моментното знаење од различни области на аплицираните практики на дејствување со цел да се дефинира патот или ориентацијата на финансиската компанија. Добиените сознанија треба да ни претставуваат дополнителен поттик и инспирација, треба да ни дадат можност да развиеме нови идеи.

Донесената одлука во такви околности, заснована на принципиелно одлучување, ќе биде издржана и вистинска за правилниот иден развој на компанијата.

Многу често се случува со една одлука значително да се променицел сегмент, цел сектор од работењето, како во контекст на компанијата,така и во контекст на пазарот. Па, оттука, се поставува прашањето, во такви околности како да измериме, како да сознаеме што поточно добиваме, а што губиме?

Многумина сознаваат колку е значајна една работа што ја имаат во моментот кога само би замислиле дека веќенема да јаимаат. Сведоци сме на многу промени, рапидна дигитализација на секојдневието, брз развој на финансискиот свет и една голема недоумица од аспект на тоа што ни носи иднината... Се чини како да сме помирени со констатацијата дека кога машините доаѓаат – луѓето стануваат непотребни. Но, дали навистина можеме да сметаме дека е така? До која мера може да се измени однесувањето на чинителите на пазарот како последица на тековниот технолошки развој? Особено во финансиската индустрија е многу тешко да се потпреме во целост на машините и на тоа што го обработуваатмашините.Вештачката интелигенција, масовните податоци и учењето од машините, дигиталната трансформација отвораат нови можности, асепак многу од компаниите во индустријата, потрошувачката, како и услужниот сектор се соочуваат со низа предизвици. Како се гради довербата во дигиталниот свет? Одговорот на тоа прашање е многу значаен за определување на идната стратегија на финансиските институции, особено одговорот на прашањето дали идните генерации ќе продолжат да даваат висока вредност на личниот контакт за своите поголеми финансиски трансакции или тојќе може да биде целосно заменет со дигитална интеракција?

Според последното истражување (11-то по ред) на групацијата ЕОС,спроведено заедно со Институтот за пазарно истражување „КантарТНС“, „Навиките за плаќање во Европа за 2018 година“,високи 3.400 носители на одлуки од 17 земји, што претставуваат 45% од испитаниците, изјавиле дека држењето чекор со технолошката трансформација во областа на управување со побарувањата е сериозен предизвик. Намалувањето на трошоците и доквалификацијата на вработените се уште позначајни задачи. Дигитализацијата и автоматизацијата на процесите се следните активности по важност. Сето ова неминовно носи високи инвестиции во информатичката технологија. Технологијата, пак, ќе обезбеди континуиран и растечки развој, ќе донесе компетитивна предност и од овие причини ќе стане сè позначајно кој прв имплементира дигитализација и применува современи дигитални технологии. Заклучоците се дека технолошката трансформација и технолошките иновации се многу значајни во процесот на промени и прифаќање на дигиталната агенда.

Сепак, прифаќањето на дигиталната агенда на која било компанија е поврзана со луѓето.

Нејзиното влијание врз човечкиот потенцијал е мултидимензионално и континуирано. Дигиталните иновации и стратегии се клучот кон поставувањето различност во однос на конкуренцијата и подобрување на деловното работење. Сепак,процесот на дигитализација го носат луѓето. Некои вработени лица од компаниите треба да го постават процесот, да го дефинираат алгоритамот и да се осигурат дека сèсе извршува правилно–компаниите имаат потреба од квалифицирани вработени како дел од процесот на дигиталната трансформација. Токму затоа компаниите треба да водат грижа за своите вработени, да ги разберат нивните потреби, да ги мотивираат за да можат да изградат состојба во која вработените ќе го почувствуваат претпријатието како свое и како дел од себе. Да создадат состојба на среќа за своите вработени. Преку системот на управување со компанијата можат да се поттикнуваат облици на однесување на вработените во претпријатието, на пример одговорност на вработените, поголема посветеност и заинтересираност на вработените кон работата.

Во текот на повеќе години наназад Данците се едни од најсреќните луѓе на светот. Тие уживаат во секој момент и ги надминуваат негативните случувања многу брзо. Тие дури и ги плаќаат своите сметки многу понавремено од другите Европејци. Основата за среќата на Данците е длабоко вкоренетата филозофија на живот наречена „hygge“ (хиге). Станува збор за животен принцип што носи среќа и кој повеќе години наназад ги става жителите на Данска на највисоките места во извештајот за светската среќа штого издаваат Обединетите нации. Не постои соодветен превод на овој термин на другите јазици. Така, на пример, тоа може да опишува пријатно и опуштено попладне покрај огниште, ручек со пријателите во градината, свежо печени колачиња и, згора на сè,многу свеќи за убава атмосфера. Но, како такво секојдневие прифатено од страна на данската култура може да се однесува и на односите во финансискиот свет, парите и однесувањето со парите?

Парите сами по себе не можат да донесат среќа, но платените сметки, секако,се дел од тоа да се биде среќен. Се разбира дека луѓето се чувствуваат непријатно и лошо поради неплатени сметки. Можеби токму ова го објаснува фактот дека во ниедна друга земја во Европа сметките не се плаќаат толку навреме како што тоа се прави во Данска. Овој степен на свесност за сопствената одговорност носи корисности не само во односите на двата субјекта – чинители на пазарот туку носи корисност и за економскиот циклус како целина.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by