CERTIFIED PROJECT MANAGER (WF&AG) 

Аплицирај Агенда на семинарот

Сертификациона програма 

Обуката опфаќа интеграција на двата познати концепти за управување со проекти, секвенцијално и агилно. Концептот на секвенцијално управување со проекти ќе биде разработен во првиот дел од курсот, кој е прифатен и лесно прилагоден во процесите кои комуницираат помеѓу организационите единици во компанијата. Во продолжение,  курсот ќе го обработи агилниот концепт на управување со проекти каде студентите ќе се запознаат со терминологијата и техниките кои се користат при овој концепт. Интеграцијата на овие два концепти ќе се обработува преку воведување на ново, флексибилно управување со проекти, подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на проектот. Основната цел на обуката е да обезбеди подобро разбирањенза двата концепти за управување со проекти, подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на проектот. Обуката е предвидено да се спроведе во две нивоа. Во рамките на првото ниво ќе бидат опфатени секвенцијалното и агилното управување со проекти, презентирани на теоретски начин и основна примена. Во рамките на второто ниво на обуката ќе бидат опфатени техники за управување со проекти и воведување на нови ефикасни контролни точки корисни за раководителот на проектот и адекватни алатки. Обуката покрај теоретскиот дел содржи практични вежби кои ќе се дискутираат и групно ќе се оценуваат. Обуката ќе ја спроведат лица со богато искуство како раководители на проекти кои поседуваат меѓународни сертификати. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност за работа во групи , каде ќе ги делат своите искуства, покажувајќи лична вештина и креативност за избор на соодветни решенија на различни ситуации од праксата. По завршување на секое ниво, ќе се спроведе тестирање во форма на практично управување на проект поврзано со темите опфатени со соодветното ниво на курсот.                                                                                                        Целна група: вработени лица со работно искуство, кои се назначени како раководители на проекти или членови на тимови, како и студенти кои се подготвуваат или имаат интерес за работа на проекти.

Напомена


Уписен рок:  во тек

Информации


Вкупен фонд на часови: 66 часови
Времетраење:  6 месеци
Почеток на предавања НОВИ групи: ноември 2023 година
Место: АБИТ (бул. „3та Македонска бригада“ бр. 1)
Динамика на обуката: два пати неделно 
Цена: 740 евра со можнсот за плаќање на рати

ЗА УПИСИ ДО 20.10.2023 ГОДИНА СЛЕДУВА СТИПЕНДИЈА ОД 10.000 ДЕНАРИ

Модул 1

1. Секвенцијално управување со проекти– Organizational models – Организациски модели – Истражување на проектот – Одобрување на проектот – Барање за почеток на проектот – Проектен план, известување, проверки – Затворање на проектот
2. Агилно управување со проекти – Концепти на агилно управување/ Agile manifesto – Осврт на агилни методологии, предности, мани и прифатеност по индустрии – Вовед во SCRUM, теорија и принципи – Артефакти, улоги и церемонии – Дефиниција на готово (Definition of done) и Спринт (Интерација) – Водење на проектот по Scrum рамка – Алатки за агилно управување со проект
3. Интегрирање на секвенцијално и агилно управување со проект – Споредба на елеметите на секвенцијално и агилно управување со проекти – Поставување на процесот на управување со проекти со интегрирање на секвенцијално и агилно управување со проекти – Основна примена на алатки за управување со проекти

Модул 2

1. Селекција на ресурси ангажирани во проектот (Примена на познати методи за селекција на човечки ресурси; Одредување на профили на членови во тимот на проектот; Анализа на соодветната селекција на ресурсите во проектот)
2. Примена на алатки за управување со проекти
3. Самостојна изработка на документацијата за управување со проекти
4. Напредна примена на секвенцијало и агилно управување со проекти (Практични примери за примена на агилно и секвенцијално управување со проекти)

Раководител на обуката

Д-р Снежана Черепналковска Дуковска

https://www.linkedin.com/in/snezanacd/

https://www.researchgate.net/profile/Snezana_Cerepnalkovska_Dukovska/research

 

Снежана Черепналковска Дуковска работи како внатрешен ревизор во Народната банка на Република Македонија со специјалност во областа на информатичките технологии. Претходното искуство го има како програмер на софтвер во Народната банка, а како најзначајни проекти во овој период ги истакнува Електронскиот систем за пазарни операциии Кредитниотрегистар.Други значајни софтверски проекти изработени претходно во приватниот сектор се протоколите за програмабилни контролери кои  ги има имплементирано во системи за визуелизација и контрола на неколку индустриски процеси.

Магистирала на Факултетот за електротехника и информатички технологии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во областа на системско инженерство и докторирала на Факултетот за современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во областа на вештачка интелигенција.

Посетила повеќе работилници и семинари во Централните банки на Холандија, Германија, Романија и Италија, Центарот за обука во Љубљана, како и во организација на Народната банка на РМ.

Поседува меѓународен сертификат за ревизија на информациски системи (CISA, ISACA)и меѓународен сертификат за информациска сигурност ISO 27001LA. Членува во еден национален и два меѓународни професионални институти. Активно применува најдобри практики и стандарди како критериуми во професионалното работење, рамките IPPF, COSO, CobiT, CSX, Prince2, PMBOK.

Предавач на обуката

Виолета Велевска

https://www.linkedin.com/in/violeta-velevska-6b3703/

Виолета Велевска е искусен ИТ професионалец, со повеќе од 25 години работно искуство во доменот на Информатичките технологии. Во последно време се фокусира на агилното водење на проекти и работи како Scrum Master и QA специјалист. Претходно работела на различни позиции почнувајќи од програмер на софтвер, апликативен консултант, консултант за имплементација на документ менаџмент и бизнис процес менаџмент. Потоа долги години работи како CTO и COO.

Позначајни проекти на кои работела се развој и имплементација на Медициски информационен систем за Клинички Центар, Имплементација на Документ менаџмент систем и Бизнис процес менаџмент систем во ЗОИЛ Македонија, ДДОР Нови Сад, Електронски Кредит Трансфер Систем, Имплементација на ЕРП решенија за големи клиенти, имплементација на ISO9001, ISO2000 и ISO27000. Вршела функција на ISMS офицер.

Посетувала многу работилници и обуки, но и држела презентации на конференции во доменот на експертизите.

Поседува сертифкати за ITIL3, Product Owner (SCRUM.ORG), Проектен Менаџмент, како и бројни технолошки сертификати.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by