ЗАЕДНИЧКАТА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА СЕРТИФИКАЦИЈАТА И СТРУЧНОТО ГЕРМАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Претставникот на германскиот институт Хајделебрг во Скопје и извршен директор на АБИТ д-р Наумоски на средба со Амбасадорот на Молдавија, Стефан Горда

  

Во Софија, претставникот на германскиот институт Хајделебрг во Скопје и извршен директор на АБИТ д-р Синиша Наумоски оствари средба со Амбасадорот на Молдавија (за Бугарија, Македонија и Албанија), г-дин Стефан Горда. Имено, на средбата од страна на амбасадорот Горда беше промовирана идната соработка и унапредување на пријателските односи на Република Македонија со Република Молдавија, преку зближување на современите едукативни процеси и можности за учество во заеднички едукативни проекти под менторство на германската образовна институција Хајделберг со седиште во Скопје.  

Во таа насока, амбасадорот Горда упати покана за учество на германскиот Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ (со филијала во Скопје) за организација на меѓусебни семинари и конференции во 2019 година како иницијатива за подобро запознавање на можностите и капацитетите за интензивирање на заедничката соработка во областа на сертификацијата и стручното германско образование.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by