Улогата на банките при изведба на градежните објекти на странските пазари
Статија во „е-Банкар“ број 9
м-р Татјана Ацковска
В.Д. Финансов Директор
ДГ Бетон АД Скопје
Во услови на намалена инвестициска активност во рамките на Република Македонија, настапот на странските пазари е една од најзначајните цели во работењето на градежните компании во земјава.За разлика од изведбата на проекти на домашниот пазар,вкупниот ризикна изведбата на странските пазари е многупоголем и содржи многу повеќе компоненти. Затоа е значајнооднапред да се согледаат можните ризици и тиеда се обезбедат на најдобар можен начин уште при договарањето на проектот. Во рамките на вкупниот ризик значаен удел имаат финансиските ризици(ризикот на наплата, промената на девизните курсови, разликите во цени и сл.).
За градежните компании, изведувачите, но и за инвеститорите, ова е многу тешка задача, со оглед на тешкотиите однапред да се соберат соодветни податоци и информации за да се добие јасна претстава за целиот период на градење на објектот.
Да се склучи добро конципиран договор, штово себе ќе содржисоодветнаподелба на ризиците штоможат да се јават во текот на работењето, но и клаузули за начинот и инструментите заобезбедување на финансиските ризици е од големо значење при изведбата на градежните објекти, како на домашниот пазар, така и на странските пазари.
Како резултат од идејата да се формира глобална федерација на независни инженери во 1913 година во Гент, Белгија, од страна на претставници од Белгија, Франција и Швајцаријае формирана Интернационалната федерација на инженери консултанти – ФИДИК.Оваа организација е позната по својата работа околу дефинирањето на условите од договорите за градежната индустрија ширум светот и нивна стандардизација.
Денес, федерацијата со седиште во Женева,по повеќе одстогодини од своето формирање, брои над милиони членови, професионалци од повеќе од стоземји во светот.
Македонија има своја асоцијација, полноправенчлен на ФИДИК, атоа е Асоцијацијата на инженери консултантина Македонија –АЦЕМА. Оваа асоцијацијасе залага за промоција на значењето и улогата на стандардите ФИДИК во Македонија и нивна поголема имплементација во законските прописи поврзани со изградбата на проективо земјава
Значењето на Договорите по ФИДИК
Договорите по ФИДИК се со широка примена насекаде во светот и претставуваат интернационален стандард при изведбата на градежни објекти. Речисисите меѓународни финансиери и инвеститори, водечките комерцијални банки и инвестициски фондови строго бараат нивните инвестициски проекти да се реализираат по системите и договорите на ФИДИК.
Во некои земји, какоРоманија и Обединетите Арапски Емирати, договоритепо ФИДИК се законска регулирана обврска при изведувањето на градежни работи на овие пазари.
Значењето на договорите по ФИДИКе уште поголемо поради тоа што тие во себе инкорпорираат стогодишно искуство на професионалци од различни бранши ширум светот. Овие договориги создаваат професионалците кои воедно се и корисници на истите при изведба на градежните објекти. Карактеристично е што договорите по ФИДИК се напишани на лесен и едноставен англиски јазик и се лесно разбирливи и за лицата на кои англискиот не им е мајчин јазик. Воедно, изданијата се преведени на повеќе од 30 јазици ширум светот.
За различни видови градежни проекти и во зависност од типот, големината на проектот, поделбата на ризиците при изведба, времетраењето на договорот, постојат повеќе типови стандардни договори по ФИДИК. Различните видови договори го формираат т.н. виножито ФИДИК. Секоја од книгитеги дава основните услови за работењето, додека со т.н. Посебни услови, штоисто така се составен дел од договорите по ФИДИК, се дефинираат специфичните барања штоги менуваат основните услови на договорот, и тоа во зависност од потребите на конкретниот проект, законските услови во земјите каде што се изведува проектот, барањата на инвеститорот и изведувачите и слично.
Договорите по ФИДИК, како светски прифатен стандард,секогаш нудат квалитет на изведбатана договорените работи и фер надополнување(плаќање) за она што е извршено согласно договореното. Клаузулите во договорите се така напишани за да ги штитат интересите и целите на обете страни во договарањето, како и изведувачите, така и набавувачите на градежниот објект. Целта на договарањето за нарачателот е навремено, квалитетно и по најниска цена да го добие бараниот градежен објект, додека изведувачот очекува правичнонадополнувањеза квалитетно и навремено извршената работа. Карактеристично за овие стандардни договори е што тие се јасни и прецизни и во себе ги инкорпорираат сите сфери од изведбата. Воедно, преку посебните услови, договорите по системот на ФИДИК сефлексибилни и приспособливи на посебните барања на учесниците во градењето на инвеститорите и на изведувачите и оставаат простор да се приспособат на локалните законски прописи и на соодветните барања на изведувачите и набавувачите на градежни работи и специфичностите на секој проект што се изведува.
Во договорите по ФИДИК се опфатени и финансиски инструменти за обезбедување од ризици при работење на градежни проекти:
- Банкарските гаранции;
- Клизната скала–коефициент на промена на цените;
- Задржан депозит;
- Осигурување.
Сите овие инструменти имаат свои посебни карактеристики, предности и слабости пред другите. Заедничката примена обезбедува заштита на поголем број ризици штовлијаат на финансиските текови при изведбата на објектот.
Како да се биде конкурентен на странски пазар
Сите градежни компании во светот, како и оние во Македонија штосакаат да бидат конкуренти на странските пазари, мораат да се приспособат на глобалните услови и да ги познаваат светските трендови во градењето.
Како фактори што влијаат и ја ограничуваат конкурентноста на македонските градежни компании при настапот на меѓународните пазарисе издвојуваат: финансиската стабилностна градежните компании, бројноста и квалитетот на механизацијата и опремата со која располагаат градежните компании, квалифициран кадар, а особено е значајна поддршката од банкарскиот сектор посебново сегментотна вонбилансните изложености на банките преку банкарските гаранции, но и со кредитирањето на работењето со што се влијае врз финансиската стабилност и ликвидностана градежните компании.
Земајќи предвид дека секој договор по ФИДИК подразбира доставување на банкарски гаранции, неоспорно е дека банките играат значајна улога при конкуренцијата на македонските градежни компании на странските пазари.
При изградба на објекти, почнувајќи од изборот на изведувач, па сè до примопредавањето на објектот, во согласност со договорите по ФИДИК, се користат неколку форми на гаранции:
- Лицитациска банкарска гаранција;
- Гаранција за добра изведба на работите;
- Авансна банкарска гаранција;
- Банкарска гаранција за ослободување на гарантен депозит игаранцијаза отстранување на пропустите во градењето во гарантен рок.
Секоја од овие гаранции има свои карактеристики и специфичности во примената, што ја прават различна од другите.