Зголемување на иновативните практики во AML & CFT
Интервју за ‘е-Банкар‘ број 8
Томер Захарович
партнер и коосновач, „Санстоун груп“ (Sunstone Compliance Strategy Group)
Борбата против финансирање на тероризмот и перење пари не е веќе само пречка туку и вистинска можност да создадеме подобра и побезбедна средина за нашите децa
Томер е експерт за специјални прашања поврзани со спречувањето перење пари и против финансирањето на тероризмот. Тој интензивно работеше на секој аспект од практичната примена, преку стратешки консултантски услуги преку банки со тиер 1 капитал, единици за финансиско разузнавање (ФИУ), влади, фондови, „Фин-Тек“ компании, МСБ (бизниси што пренесуваат или конвертираат пари), финансиски институции и академски институции.
Искуството на Томер вклучува работење како МСП (SME) и водење на израелската меѓународна усогласеност и регулаторните услуги за ПВЦ (PWC), работење како раководител за усогласеност за меѓународната поделба на голема израелска банка, како МЛПО, за филијалата „Кајман“ и водење на одделот за усогласеност за глобални фирми во Велика Британија. Исто така, работејќи против финансирањето на тероризмот, тој дејствуваше на терен како специјалист за борба против тероризмот.
Томер магистрирал на бизнис-училиштето ЦАСС во Лондон (CASS business school in London ) и е сертифициран како специјалист за спречување на перење пари од АЦАМС.
Томер е искусен, умешен говорник на англиски и хебрејски јазик, предава во многу земји и на меѓународни настани и во моментов е еден од предавачите на семинарите организирани од АБИТ во делот за АМЛ и ЦФТ и усогласеност (AML & CFT and Compliance)
1. Господин Томер, како специјалист и експерт за спречување на перење пари и контрафинансирање на тероризмот, врз основа на вашето работно искуство во целиот свет, на кој начин се користи перењето пари за да помогне во финансирањето на тероризмот?
Прво, благодарам за вашата љубезна најава и за можноста да ја посетам, да зборувам и да работам во Македонија. Секогаш уживам во посетата на Балканот; тоа е регион со неискористени чуда и недопрена убавина. Го сакам тоа.
Перењето пари е, како што ме прашавте, едно од главните алатки што ги користи тероризмот за да процесира какви било финансиски средства и да ги вгради во правниот финансиски систем. Причината поради која е неопходно перењето пари е тоа што основачите на средствата треба да ги скријат нивните идентитети. Тие се често под надзор на властите во разни земји или се појавуваат на листите за санкции и поради тоа станува неопходно да се скрие потеклото на средствата и да ги „исчистат“ во сметките на навидум невини цивили кои не се означени како сторители на незаконски дејства.
Меѓутоа, важно е да се запамети дека перењето пари во тероризмот е различно од другите активности за перење пари. Со тоа мислам дека типичната активност на перење пари обично вклучува приноси од криминал и затоа потеклото на средствата често е „валкано“. При перењето пари за тероризам, потеклото на средствата може да биде целосно легитимно, како од добротворни организации или навидум невини деловни трансакции. Всушност, ако внимателно разгледувате финансирање на тероризмот, ќе видите дека постојат неколку разлики во начинот на кој се однесува во споредба со криминалното перење пари.
Исто така, интересно е да се забележи дека кога се осврнуваме на финансирање на активностите за тероризам, ние се стремиме да мислиме за тоа како пари што му се наменети да бидат префрлени некому што во еден момент ќе создаде физички чин на тероризам, како разнесување или пукање во невини цивили. За жал, финансирањето на тероризмот е многу повеќе од тоа. Во реалноста, ако се погледне во целосното глобално финансирање на тероризмот, ќе откриете дека голем дел од нив одат за финансирање на политички активности, активности за обуки, инвестиции во училиштата, здравствените и локалните заедници (како алтернатива на локален неуспешен режим) и така натаму. Понатаму, голем дел од оваа финансиска активност потекнува од држави што го поддржуваат тероризмот, бизниси, богати личности и симпатизери на дијаспората. Сите овие го прават исклучително тешко следењето на перењето пари за цели на финансирање тероризам.
Перењето пари е процес во кој парите што потекнуваат од кривично дело се „перат“ и се внесуваат назад во финансискиот систем како „чисти“ пари.
2. Кое е значењето на перењето пари и кој треба да изврши проверки против перење пари?
Перењето пари е процес во кој парите што потекнуваат од кривично дело се „перат“ и се внесуваат назад во финансискиот систем како „чисти“ пари. Во суштината, тоа е чин на криење на вистинското потекло или сопственост на фондовите.
Има многу литература и многу теории и графикони што зборуваат за трите фази на перење пари, како што се „поставеност“, „распоредување“ и „интеграција“, но ќе речам дека во реалноста постојат многу начини на перење пари и начинот на кој се прави тоа не го следи секогаш она што е теоретизирано во академските кругови.
Прво, мора да се каже дека криењето на потеклото на средствата што не се произведени незаконски може да не претставува перење пари, односно, ако сакам да префрлам готовина на мојата сестра и таа го депозитира тоа на нејзината сметка, јасно дека тоа нема да се смета за перење пари. Но, ако го сторам тоа заради избегнување данок, тогаш во некои земји тоа ќе се смета за перење пари, бидејќи средствата се генерирани како резултат на предикатен (казнен) прекршок.
Казнени прекршоци се прекршоци што се сметаат за составен дел на посериозно кривично дело и претставуваат основа за перење пари. Во последниве години, даночното затајување беше додадено како предикатен престап во многу земји, како дел од глобалните напори за борба против финансискиот криминал.
Сепак, важно е да се наспомене дека сите земји не бараат предикатни прекршоци со цел да се воспостави основа за перење пари. На пример, во Обединетото Кралство треба само да се покаже незаконско потекло (со доволна сериозност) на средствата за да се воспостави основа за гонење.
Второ, како што гледаме со криминалните дела, како што е финансирањето на тероризмот, патот за воспоставување гонење за перење пари не е секогаш јасен. На пример, фонд што потекнуваше од банкарска сметка на ирачки симпатизер во Соединетите Американски Држави, и пренесен преку банкарскиот систем сè до добротворната организација вклучена во помагањето на децата во воениот Мосул, можеби нема да изгледа сомнително. Како можеме да кажеме дека парите на крајот биле зграпчени од страна на терористички членови на ИСИС и се користат за купување оружје? Освен тоа, дури и да го знаеме тоа, како можеме да го докажеме?
Финансиската индустрија доби важна задача да ја предводи борбата против финансискиот криминал и на тој начин да ги задуши способностите на криминалците да работат. Секоја финансиска институција (вклучувајќи ги и банките, МСВ (MSBs), компаниите со кредитни картички, клириншките куќи, фондовите, паричните преносители, олеснувачите на плаќањата на интернет, снабдувачите на виртуелен паричник, фирмите „Фин-Тек“ и други) сега мора да развие алатки за да се справи со неа.
3. Дали е неопходно да се хармонизира криминализацијата на перењето пари и зошто?
Избравте важен момент. Мислам дека владите сега сфаќаат дека хармонизацијата и соработката е единствениот начин на кој ние, како народ, можеме да тргнеме напред како обединет фронт со цел успешно да го победиме криминалот.
Имаше големо внимание од страна на владите и глобалните организации за начинот на кој можеме да станеме поефикасни во начинот на којшто се справуваме со перењето пари. Роберт Вејнрајт – директор на „Еуропол“ (Europol), беше влијателен за истакнување на ова прашање и привлекување внимание кон неговата важност.
Да го земеме за пример неодамнешниот терористички напад во Манчестер, Велика Британија. Лицето кое беше одговорно за нападот беше, кратко пред нападот, запрено и испрашувано од страна на италијанските власти за патување за обука во Сирија, како што многу „странски борци“ неизбежно го прават тоа. Тој беше познат на властите како потенцијален терорист. Ако информациите биле ефективно споделени со британските власти, или навистина со меѓународната заедница, дали можело да се избегне бомбардирањето на арената во Манчестер? Никогаш нема да знаеме, но ова ја нагласува потребата за размена на информации. Обележувањето на тоа лице како потенцијален терорист би ја предупредило финансиската индустрија за неговите напори за финансирање – во овој случај тој користел студентски кредити за да ги финансира неговите активности.
Владите сега сфаќаат дека хармонизацијата и соработката е единствениот начин на кој ние, како народ, можеме да тргнеме напред како обединет фронт со цел успешно да го победиме криминалот
Хармонизацијата е уште една манифестација на подобрена комуникација. На ист начин како што сметководствените стандарди полека се спојуваат во меѓународниот кодекс на практика со цел да се справат со несреќите, како што се трансферните цени и манипулациите со известување, законите против спречувањето перење пари, исто така, мораат да го сторат истото. Кога гледаме на глобалниот модел на активности за перење пари, како што ние во „Санстоун“ (Sunstone) неизбежно правиме, гледаме цинична употреба на правните разлики меѓу земјите. Еден од класичните примери за ова е употребата на „школка“ компании во даночните раеви, што се користат за да се скријат крајни сопственици на имот или користење јуриздикции што не се дел од договори за известување за даноци и така натаму.
4. Дали можат да се преземат какви било незаконодавни активности во борбата против финансирањето на тероризмот?
Ова е многу дебатирано прашање овие денови. Мислам дека финансискиот свет сега сфаќа дека тероризмот е проблем сам по себе, наместо сет на перење пари, како што традиционално се мислеше. Како таков, еднакво се сфаќа дека мораат да се развијат алатки, доколку сакаме успешно се справиме со тероризмот.
Во „Санстоун“ (Sunstone) потрошивме многу време на ова прашање, затоа што ни пристапуваа многу институции, национални и финансиски, со цел да ги поддржиме стратегиските и технолошките напредоци во оваа област.
Всушност, ова е значајно прашање поради неговата важност и поради начинот на кој се презентира. Прво, прашањето го истакнува проблемот за кој се бара решение. Второ, признава дека решението може да биде незаконско. Потоа ќе се навратам на ова.
Незаконодавен: Еден од најголемите предизвици во борбата против тероризмот е многу ниската стапка на обвиненија што ги придружува повеќето истраги. Ова значи дека од сто спроведени истраги, само мал број ќе завршат во успешно судење на осомничениот. Многу е тешко да се постигнат форензички докази поради:
а) Меѓународен распон и недостиг на соработка помеѓу надлежностите;
б) Легислативата, понекогаш, ги спречува истражувачите да спроведуваат темелно, навремено претресување таму каде што е потребно.
Така, ако сакаме да најдеме решение, мораме да ја смениме или легислативата (во повеќето земји) или, едноставно, да најдеме незаконодавни решенија.
Што се однесува до прашањето, верувам дека постојат решенија за борба против современото перење пари и финансирањето на тероризмот. Прво, би рекол дека проблемот е променет во текот на минатата година, главно поради еволуцијата на криптотехнологијата, децентрализираните системи за овластување и исплатното законодавство. Перењето пари се случува на различно ниво овие денови, во споредба со традиционалното перење пари. Сведоци сме на многу повеќе кражба на идентитет, електронско банкарство, платежни средства и „оф грид“ банкарство (off-grid banking). Борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот мора да го смени начинот со цел да соодветствува со иднината, што е веќе тука.
Постои технологија што може да ни помогне, како финансиските институции, да се справиме со перење пари и со финансирање на тероризмот со нови средства.
Сега е потребен поинаков пристап во поглед на размислувањето за перењето пари и финансирање на тероризмот. Да, сè уште можеме да ги погледнеме сомнителните трансакции и да произведуваме САР (Stock appreciation right – SAR), но исто така можеме да го префрлиме вниманието и да погледнеме на друго место. Денес, поединци можат да имаат виртуелно присуство, исто како и физичкo. Овој вид присуство, правилно оценето, може да ни каже многу повеќе за нашите клиенти отколку нашите традиционални ЗТС – запознај го твојот муштерија (кnow your customer – KUC). Постои технологија што може да ни помогне, како финансиските институции, да се справиме со перење пари и со финансирање на тероризмот со нови средства.
Всушност, како дел од нашите напори да пронајдеме решенија за перење пари и за финансирање на тероризмот во модерната ера, им помагаме на неколку технолошки компании да развијат таква технологија; со цел да се направи токму тоа. Сето тоа е многу возбудливо и тоа е поле што се шири постојано. Според мене, нема сомнение дека АМЛ и ЦФТ (anti-money laundering– AML and combating the financing of terrorism– CFT) ќе изгледаат сосема поинакви во следните пет години, користејќи сè повеќе незаконски акции со нови софистицирани современи методи.
5. Кои се единиците за финансиско разузнавање, дали можат да се преземат активности за подобрување на финансиските разузнавачки информации во борбата против финансирањето на тероризмот?
Единиците за финансиско разузнавање (FIU) се одлична идеја и корисен инструмент во борбата против ПП и ФТ – перење пари и финансирање на тероризмот (money laundering– ML or financing of terrorism– FT). ФИУ се суштински владини агенции за разузнавачки стил, главно насочени кон справување со прашања како што се АМЛ и ЦФТ. Нивната улога и способност варира од една земја до друга, но тие треба да го прават истото. Нивната улога вклучува главно, но не исклучиво: собирање на типолошки информации, иницирање истраги, водечки законодавни инструменти за еволуција, што соработуваат на меѓународно ниво со други ФИУ и власти, соработувајќи со локалните регулатори.
Доброто разузнавање бара време, трпеливост и многу ресурси
Ние работиме со неколку ФИУ низ целиот свет, помагајќи им да се воспостави национална политика и да се развијат практични алатки и мислам дека делот на ФИУ во пејзажот на војната против перењето пари и финансирањето на тероризмот е од витално значење. Ги сметаме за „одговорни возрасни“ на финансиското игралиште, бидејќи тие имаат способност да иницираат добри практики на национално ниво и да дејствуваат како амбасадор на меѓународно ниво со цел да се промовира хармонизација и соработка.
Доброто разузнавање бара време, трпеливост и многу ресурси. Ако ги сметаме ФИУ како влијателни во борбата против криминалот, како што несомнено ќе правиме, треба да ги поттикнеме да сторат повеќе. Ние можеме да го направиме тоа преку обезбедување ресурси, технологија, политичка поддршка, професионална поддршка и стратешка обука, за да создадеме огромен ѕид на одбраната околу нашата финансиска благосостојба.
6. Како можат да се искористат виртуелните валути за финансирање на тероризмот,и покрај новите трендови во глобалните финансиски регулативи?
Криптотехнологијата воопшто и криптовалутите особено претставуваат предизвик за регулаторната рамка.
Затоа што законодавството беше затегнато во последните неколку години, регулаторите забележаа дека построгите прописи имаат спротивен ефект од оној што е наменет. Строгите прописи имаа цел да го спречат перењето пари, но поради построгите барања за патување, заедно со создавањето на алтернативни финансиски пазари (криптовалути и други технологии), клиентите почнаа да ги напуштаат банките и да се префрлат на полесни и поедноставни, помалку регулирани алтернативи.
Регулаторите одговорија со измена на четвртата директива (на пример, во Европа) и дозволувајќи им на банките да користат побрза, поефикасна технологија од една страна, а од друга, да ги регулираат алтернативните финансиски пазари и провајдери, меѓу кои се даватели на виртуелни парични валутии размени.
Во практика, ова е премногу малку и предоцна. Понатаму, многу е тешко да се регулираат играчите на виртуелната валута, бидејќи не е секогаш можно да се знае под која надлежност работат.
Постојат докази што покажуваат дека криптовалутите и другите класи на финансиски средства се користат за тероризам, перење пари и друг криминал, но тоа е ограничено во споредба со традиционалните пазари на валути на ФИАТ (FIAT), главно поради нестабилноста, ликвидноста и технолошкото знаење што е потребно за да се направи толку успешно.
Исто така, денес е познато декa, наспроти она во што се верувало првично, виртуелните валути можат да се следат и со соодветни ресурси и технологија, можно е да се следи и да се фати криминална активност. Сето тоа зависи од расположливите ресурси и желбата да се направи тоа.
Размислувањето за перење пари како алатка, а не како криминал, овозможува да ги разделиме двете и да развиеме решенија што се наменети за да се вклопат во секој дел од криминалот, со што борбата против криминалот е многу поуспешна.
7. Знаеме дека перењето пари е поврзано со финансирање тероризам и корупција. Какви напори се преземаат во таа борба?
Перењето пари е навистина поврзано со тероризмот и корупцијата. Сметам дека е многу поефективно да мислам на чинот на перење пари како алатка што ја користат терористите и корумпираните лица за да извршат трансфер на пари и да ги поддржат своите цели. Размислувањето за перење пари како алатка, а не како криминал, овозможува да ги разделиме двете и да развиеме решенија што се наменети за да се вклопат во секој дел од криминалот, со што борбата против криминалот е многу поуспешна.
Се прават напори на сите фронтови, локални, национални, меѓународни и глобални. Тоа можеме да го видиме во количеството законодавство и регулатива што постојано се развива и се ажурира. Можеме да го видиме тоа во износот од пари што финансиските институции и регулаторите ги трошат на вработените. Ние го гледаме тоа во количеството на технолошки решенија што се развиваат во „Рег-Тек“ (Reg-Tech) индустријата.
Сè уште претстои долг пат. Постојат области што не се добро регулирани, како што се размена на пари, „Хавалас“ (Hawalas) и така натаму. Додади во тоа создавање на нови алтернативи, како што се „Фин-Тек“ решенија и виртуелни валути и наскоро ќе откриете дека трката е далеку од крајот.
Промената во размислувањето од локалните напори кон глобалните решенија и во користењето на технологијата е, според мене, чекор во вистинскиот правец во насока на поставување на напорите кон решението. Гледаме зреење на финансиската индустрија и будење на регулаторните тела во соочувањето со реалноста и учење дека со цел да победиме, мораме да се совпаднеме со модерните времиња и да зависиме помалку од традицијата, како што е нормално прифатено во банкарството. Алатките се таму, само треба да ја покажеме подготвеноста да ги искористиме.
8. „Санстоун“ (Sunstone) е водечка консултантска фирма за усогласување и стратегија. Кое најдобро стратешко решение го препорачувате да спречите терористички движења и перење пари преку граници?
Како што споменав порано, тероризмот е сложен концепт; многу поголем од оној што нормално се гледа. Тој го опфаќа светот и се движи од прибирање пари за дистрибуирање, поддржувајќи правни и нелегални активности, обезбедување на хуманитарни услуги и купување оружје. Тоа се случува во формални финансиски институции и неформални; користи нелегални активности и корумпирани поединци. Тоа може да се смета симпатично во еден регион и да се гледа со непријателство во друг. Тоа е срцето на проблемот и само се зголемува.
Точниот стратешки пристап кон борбата против тероризмот на финансискиот фронт би бил да го разбере, да ги научи своите различни аспекти, да ги дефинира слабите точки, да се подели во области на активност и да развие решенија за секоја од нив. Инаку, премногу е тешко за справување. Не постои магична формула.
Денес, ние се соочуваме со напливот на терористички активности ширум светот. Сепак, исто така гледаме и развој на нов свет на виртуелно постоење и технолошки развој. Треба да научиме да го искористиме она што го имаме; да ги искористиме нашите предности и да примениме нови алатки за нови реалности.
Како што тече разговоров, многу технолошки решенија се развиваат низ целиот свет. Најдобрите умови создаваат нови реалности во форма на вештачка интелигенција и аналитички методи. Сè што треба да направиме е да ги примениме; користете ги за да останете чекор понапред од оние што сакаат да ни наштетат.
Откако ќе сфатиме дека традиционалните методи се познати на лошите момци, ќе го промениме нашиот пристап, ќе инвестираме и ќе најдеме попаметни, повеќе технолошки и софистицирани методи за борба против финансискиот криминал. Треба да го разбереме фактот и да имаме корист од него, дека борбата против финансирање на тероризмот и перење пари не е веќе само пречка туку и вистинска можност да создадеме подобра и побезбедна средина за нашите деца, но исто така и за нашите клиенти. Можност да ги приспособиме нашите производи, да ги сервисираме нашите клиенти подобро и да се потпреме на секоја нивна вистински уникатна продажна цел и компаративни предности.