Цели на кредитната анализа

Статија во ‘е-Банкар‘ број 8

Александра Мирчовска, MBA

Помошник-раководител на служба

Служба за кредитна анализа и администрација

НЛБ Банка АД Скопје

Целта на финансиската анализа е да се согледа фундаменталниот концепт на корпоративните финансии: временската вредност на парите, вредноста на инвестициите, капиталната структура на компанијата, како и различните можности за финансирање на една компанија

Процесот на глобализација во современото банкарство става фокус на предизвиците и на заедничките проблеми со кои се соочуваат банките во своите основни активности. Искуствата од неодамнешната финансиска криза им наметнаа на банките да развијат подобрени интерни модели за квантификација на финансиските ризици. Банките воспоставија политика на висока аверзија од ризик и воведоа построги стандардиза воспоставување на нови кредитни односи. Воспоставените ограничувања во преземањето ризик,во комбинација со недостиг на кредитни барања за финансирање на добри и на квалитетни проекти, ја нагласуваат неопходноста од употреба на солидни техники за евалуација, со цел да се одреди профитабилноста и економската оправданост на инвестициските проекти. Точната процена на нивото на кредитен ризик на одредено барање за кредит се смета за една од најбитните активности на една банка.

Кредитен ризик постои секогаш кога клиентот очекува да користи идни парични приливи за плаќање на тековниот долг. Со оглед на фактот дека ризикот е комбинација од можности и закани, целта на риск-менаџментот е да го минимизира ризикот преку спроведување на внимателна анализа пред носење одлука. Треба да се применат софистицирани финансиски техники во процесот на анализа, со цел да се направи исцрпна процена на финансиското здравје на клиентот. Со цел во генералната анализа да се имплементира ризикот и несигурноста, се препорачува комбинација од сензитивна и сценарио анализа, математички симулации, заедно со другите техники на капитално буџетирање. Моделите за евалуација на кредитен ризик ги обезбедуваат банките со рани знаци за предупредување за потенцијални финансиски проблеми во работењето на нивните клиенти. Процесот на управување со ризици вклучува неколку фази: потенцијалните ризици се идентификуваат врз основа на процена (due diligence) на проектот, се проценува потенцијалниот импакт на идентификуваните ризици и се препорачуваат мерки за митигирање иза евентуална елиминација на ризикот.

Целта на финансиската анализа е да се согледа фундаменталниот концепт на корпоративните финансии: временската вредност на парите; вредноста на инвестициите, капиталната структура на компанијата, како и различните можности за финансирање на една компанија. Анализата е дел од аналитичкиот процес на носење на кредитна одлука, штовклучува утврдување на целта на кредитот, изворите за враќање (примарен и секундарен извор на враќање), одредување на ризичните елементи (бонитетот на клиентот) и структурата на кредитот (да се процени ризикот на трансакцијата и да се одреди цена). Бонитетната оценка за одреден клиент е квантифицирана процена на неговата кредитна способност, односно неговиот кредитен квалитет. Голем дел од евалуацискиот процес се базира на финансиска анализа на потенцијалниот должник, анализа на менаџментот и на пазарните услови.

Во процесот на одобрување кредити, банките се обврзани детално да ја анализираат моменталната финансиска состојба на клиентот, а во случај на одобрување на долгорочни кредити, внимателно да направат проекција на потенцијалните промени во финансиското здравје на своите клиенти.Задача на кредитниот аналитичар е адекватна примена на вистинските техники за мерење и процена на елементите на ризик. Целта на финансискиот инженеринг е да се најде оптимална структура помеѓу изворите на средства: капиталот, снабдувачите и банките.Кредитниот аналитичар мора да ја процени способноста на компанијата да генерира кеш! Анализата на паричниот тек претставувапроцена на солвентноста, односно способноста на клиентот за долгорочно покривање на сите доспеани обврски во роковите на нивно доспевање.

Целта на финансискиот инженеринг е да се најде оптимална структура помеѓу изворите на средства: капиталот, снабдувачите и банките

Со цел да се согледаат ризиците мора да се види што се крие зад бројките? Каков е бизнис-моделот на клиентот? Кои се макроекономските индикатори, карактеристики на индустријата? Кои се клучни фактори за успех штоне сесодржани во финансиските извештаи, а се во директна корелација со бизнис-моделот на клиентот –канали на набавка, однос на фиксни и обртни средства, реална вредност на средствата и одржливост на фиксните средства во рамките на бизнис-моделот, рочна усогласеност на билансните позиции иоптимизација на изворите за финансирање во контекст на зголемување на профитот.

Основна карактеристика на сите обврски е дека носат одреден финансиски ризик за компанијата, односно таа мора да поседува имот со кој би се обезбедиле средства за расчистување на обврската.Финансиски ризик постои и затоа што преземањето на обврска значајно влијае на ликвидноста и солвентноста. Основен услов за да се обезбеди долгорочна солвентност на една компанија е воспоставување и трајна контрола на рочната структура на средствата и обврските, што би овозможило адекватно управување со ризиците.

Посебно внимание се посветува на процесот на следење и контрола на кредитен ризикна ниво на пласман и портфолио. Преку редовен мониторингсе идентификуваат потенцијално ризични пласмани, очекувани и неочекувани загуби, се одредуваат лимити и процент на концентрација на изложеноста.При анализата се применува напреден риск-менаџмент пристап, односно проактивен пристап кон потенцијалните проблеми, напредни модели на наплата на побарувањата и воспоставување систем на рани знаци на предупредување.Основна цел е повторно воспоставување на финансиска стабилност на клиентот со истовремено подобрување на позицијатана банката како доверител.

Техниките за евалуација на кредитен ризик добиваат сè поголема важност во мерењето на кредитниот ризик во банките

Управувањето со кредитен ризик се поврзува со целиот кредитен процес, почнувајќи од селекција на потенцијален клиент, преку структурирање на кредитот, процес на одобрување, документација, администрација и мониторинг, до конечен поврат на кредитот. Во денешно време, како што расте бројот на нефункционални кредити, се врши подлабока финансиска анализа и носителите на одлуки задолжително го согледуваат целото финансиско сценарио заедно со колатералот. Техниките за евалуација на кредитен ризик добиваат сèпоголема важност во мерењето на кредитниот ризик во банките. Банките се во континуиран процес на унапредување на постојниот механизам за оцена на ризик, со цел да се имплементира и да се надгради процесот на управување со ризици и преку него да се зајакне квалитетот на целокупнотопортфолио.Неможноста за наплата на кредитотсекогаш потекнува од комбинација на фактори, меѓу кои најважниот е идентификуван како отсуство на соодветна процена на ризикот, следено од отсуство на редовен мониторинг, како и следење нацелокупната финансиска состојба на пазарот. Дополнително се нагласува важноста на адекватна кредитна администрација за подобрување на квалитетот на портфолиото, како што е редовно ажурирање на финансиските извештаи, обезбедување на сеопфатна анализа на паричниот тек и мониторинг на можноста за отплата, како и воспоставување на адекватна, редовно мониторирана и континуирано ажурирана Watch листа.

Како заклучок, треба да се нагласи потребата од постојано унапредување и подобрена употреба на алатките и техниките за евалуација на ризикот, особено во градењето на долгорочни односи со клиентите. Имајќи предвид дека целта на управувањето со ризиците е да се митигира ризикот во процесот на носење одлука за кредит, преку спроведување на внимателни анализи, користењето на подобрен процес на процена на ризикот го подобрува севкупниот квалитет на портфолиото на банките.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by