ЗНАЧАЈНИ АСПЕКТИ ЗА ПРОЦЕНА НА КРЕДИТНАТА СПОСОБНОСТ НА КЛИЕНТОТ

Статија во ‘е-Банкар‘ број 8

Михаела Атанасова-Стоичовска

Заменик Директор

Сектор за изготвување кредитни предлози

Стопaнска Банка АД Скопје

Само со добра оцена на сите квалитативни аспекти во комбинација со квантитативната анализа на клиентот, банката ќе може да ги идентификува ризиците со кои се соочува секоја компанија, што се интегрален дел на квалитативната процена.

Банките заземаат централно место на финансискиот пазар и тиесе најстари финансиски посредници помеѓу суфицитарните и дефицитарните субјективо една економија.Дејствувајќи во време на постојани промени и неизвесна околина, ризиците се постојана компонента со која се соочуваат банките во својата деловна активност. Доколку се има предвид дека најголемиот дел од банкарски активности отпаѓаат на кредитирањето,се доаѓа до заклучок дека кредитниот ризик претставува еден од доминантните ризици во банкарското работење.

Кредитниот ризик претставува ризик од загуба за банката, поради неможностклиентот да ги расчистисвоите обврски кон неа, во договорениот износ и/или во договорените рокови. Овој ризик настанува кога клиентот од објективна или од субјективна причина нема да биде во можност да ги изврши своите обврски кон банката.

Основна цел на управувањето на кредитниот ризик е создавање на висококвалитетно, одржливо и диверзифициранокредитно портфолио,штона банката ќе ѝ овозможи непречено работење и остварување профит, при што ќе ги заштити клиентите и акционерите на банката.

Еден од основните предуслови за кредитирање и одржување на здраво кредитно портфолио е да се оцени кредитната способност на клиентот, а тоасе постигнува прекуподготовкана добра и сеопфатна кредитна анализа.

Иако навидумедноставен, процесот на кредитирање на правни лица е мошнесложена активности претставуваедна од најважните, но истовремено и најризичните услуги на банките.

Имено, со одобрувањето на секој кредит се зголемува изложеноста на кредитен ризик на банката.Оттука, кредитната анализа бара голема внимателност и одлучување засновано на детални анализи, т.е.оцена на капацитетот направниот субјект што се анализира да генерира приходи и соодветно ниво на профитабилност,штоќе ѝ овозможат краткорочен и долгорочен развој на компанијата, што, пак, ќе биде следен со позитивен паричен тек, итн., со цел да обезбеди редовно сервисирање на обврските.

Анализата на кредитната способност може да се подели во два дела:анализа на компанијата и анализа на трансакцијата.

Кредитната анализа на компанијатавклучува анализана квантитативни и на квалитативни аспекти.

Секоја компанијаго анализира потенцијалниот клиент во три временски димензии – минато, сегашност и иднина,а како главна подлога за изведување заклучоци се земаат финансиските извештаи.

Финансиските извештаи на клиентотпретставуваат основа за кредитна анализа и определување на кредитоспособноста на клиентот.Тиепримарно ни даваат податоци за остварените резултати од работењето на клиентот, неговата финансиска состојба, како и информација запаричните текови на клиентот.

Секоја банка развива свои модели и алатки со помош на кои ги анализира доставените финансиски извештаи, притоа користејќи различни методи, како што се хоризонтална и вертикална анализа, како и анализа на финансиски показатели,тренд-анализа итн. Сите овие сегменти се анализираат со цел да се обезбедат дополнителни информации за работењето на компанијата за ефикасно и за ефективно донесување одлука.

Битно е да се потенцира дека анализата на кредитната способност во никој случај не треба да сеограничи на процената на финансиската состојба на деловното работење во минатото и сегашноста, односно анализата на билансот на состојба, билансот на успех и извештајот за парични текови.

„Сурово“ толкување на финансиските извештаи може да доведе до многу погрешен заклучок, доколку не се земат предвид сите квалитативни аспекти битни за функционирање на бизнисот на клиентот.

Основно начело за подготовкана добра и детална кредитна анализа е разбирање на бизнис-моделот на клиентот, односно на кој начин клиентот создава, испорачува и ја задржува вредноста на компанијата, во окружувањето во коешто функционира.

За да се добие реална слика за бизнисот на клиентот и да се процени неговата кредитна способност, покрај финансиските податоци, банката мора да ги оцени сопственичката иорганизацискатаструктура,квалификациите и перформансите на раководството, степенот на искуство, интегритет и доверливост на сопствениците и членовите на менаџерскиот тим и нивните области на одговорност, оперативни процедури и деловни односии другите квалитативни елементи од работењето на компанијата.

Битни се и анализата на пазарот и конкуренцијата, односно процената на пазарната позиција на клиентот и неговите долгорочни проспекти на пазарот во којшто функционира,потенцијалот за пораст, идните проекти и перспективи, како ианализа на индустријата во којашто дејствува клиентот.

Последна, но не и помалку важнае кредитната историја на клиентот што дава информација за однесувањето на клиентот, односно неговата одговорност кон сервисирање на обврските кондоверителите.

Само со добра оцена на сите квалитативни аспективо комбинација со квантитативната анализа на клиентот, банката ќе може да ги идентификува ризиците со кои се соочува секоја компанија, штосе интегрален дел на квалитативната процена.

Сите компании, без оглед на деловната активност и секторот во кој работат,се соочуваат со различни видови ризици штопроизлегуваат од внатрешното или од надворешното опкружување.Ризиците со коишто се соочува секој деловен субјект треба да бидат предмет на кредитна анализа и тие можат да се сегментираат во неколку групи:пазарен ризик,бизнис-ризик, ризици поврзани со менаџментот и со организациската структура,финансиски ризик,ризици поврзани со планираната инвестиција,технолошки ризик,регулаторен ризик, политички ризик итн. и тие треба да се земат предвид при анализата на претпријатието, неговото работење и идните перспективи.

Важно е да се наспомене дека ризиците се интегрален дел од секој бизнис и тиене можат да бидат елиминирани, асепак, мораат да бидат идентификувани, анализирани и управувани.

Покрај анализата на деловниот субјект-потенцијален клиент, односно идентификување на сите ризици поврзани со бизнисот на клиентот, исто толку важна е и анализата на трансакцијата, односно процената на трансакцискиот ризик.

Процената на трансакцискиот ризиксе однесува, пред сè,на анализата на намена на кредитот, структурата и обезбедувањето на кредитот.

Анализата на намената на кредитот се фокусира на детална процена на проектот што се финансира, неговата оправданост и очекуваните придобивкиод планираната инвестиција и нивното влијание врзбизнисот.

Главни аспекти што треба да се земат предвид при структурирање на кредитните производи се намената на средствата,како и готовинскиот тек на компанијата.Инвестициите во основни средствасе финансираат со долгорочни кредити, при што рокот на кредитот не треба да биде подолг од економскиот век на основното средство – предмет на финансирање.

Обртните средства најчесто се финансираат со краткорочни кредити, при што нивните потреба и рочност се одредуваат во согласност со бизнис-циклусот на клиентот.За успешно функционирање на секој правен субјект од клучно значење е усогласеноста помеѓу средствата и изворите на финансирање. Несоодветна усогласеност на средствата и изворите на финансирање на долг рок најчесто доведува до нарушување на ликвидноста на компаниите,па оттука и значењето на правилно структурирање на кредитните производи од страна на банките.

Иако во процесот на оцена на кредитната способност на клиентите, најбитна е процената на капацитетот на клиентот за непречена отплата на обврските кон своите доверители, вклучувајќи ја и банката, сепак анализата на предложеното обезбедување едел оданализата на трансакцијата и тоа може да помогне во ублажување на загубата за банката.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by