Стратегиско управување со деловни податоци и деловна информатика

Статија во „е-Банкар“ број 9

Д-р Снежана Черепналковска Дуковска

CISA, ISO 27001LA

Народна Банка на Р.Македонија

Секогаш кога ние или некој уред се поврзува со дигиталниот свет, доаѓа до проширување на дигиталниот простор, што, како и природата, е заеднички ресурс. Тој ресурс од една страна обезбедува влијае врз информатичката инфраструктура, апликациите и податоците, но од друга страна,поттикнува нови предизвици и носи нови дилеми. Постојните модели, механизми и организации не можат ефикасно да одговорат на темпото на новите дигитални и дистрибуирани заедници, особено заради порастот на количеството на податоците. За податоците е еднакво важно да бидат транспарентни, но подложни на ограничувањата на пристап заради заштита на нивната сензитивност и доверливост. Покрај потребата за нивно адекватно складирање и одржување се јавува потреба за нивно ефикасно користење. Со воведувањето наука за податоците се зголемува знаењето и значењето на податоците и се олеснува носењето на адекватни стратегиски одлуки. Новите идеи со кои се добива практична вредност во форма на нови продукти, услуги или нов начин на вршење одредени активности се иновации неопходниотсега натаму, а се однесуваат и на податоците.

Реалноста нè предизвикува да применуваме нови технологии. Некои примери за тоа се:

-        Бројот на кибернапади секојдневно се зголемува, а нивната форма постојано се менува влијаејќи на приватниот и деловниот живот. Според најновите истражувања, порастот на киберкриминалот ќе се зголемува, па се јавува потреба од безбедностна податоците и отпорност на системите преку формирање на стратегиски структури и програми на национално ниво, споделување на најдобрите практики, распределување на одговорностите, воведување на нови модели на обука, изградба на нови информатички платформи, користење на нови технологии за инженеринг на податоците;

-        Бројот на податоците во информатичките системи секојдневно се зголемува, постои огромен број на складирани податоци, а нивното ефикасно користење е единствено овозможено со примена на технологиите на деловна интелигенција и големи податоци, машинско учење, вештачка интелигенција;

-        Визијата за зголемувањето на демократијата преку транспарентност и отчетностштосе презентира со достапност на податоци од отворен карактер и нивно транспарентно процесирање (англ. оpen data и оpen source) може ефективно и ефикасно да се примени со блокчеин технологијата;

-        Визијата за инстантно финансиско порамнување и поефикасно порамнување со хартии од вредност, како и унапредена финансиска инклузија е олеснето применувајќи ги новите технологии;

-        Бројот на поврзани електронски уреди (англ. Internet of Things-IoT), што прават колекција на огромен број податоци од околината е веќе поголем од бројот на популацијата на земјата, па проблемот штосе јавува е: како овие уреди ќе бидат автентицирани во некој информатички систем? Или како ќе се оцени веродостојноста на податоците што ги складираат?

Тргнувајќи од овие промени што стануваат дел од секојдневието, се јавува потреба од адекватен мултидисциплинарен, интердисциплинарен и мултидимензионален пристап кон податоците во деловното опкружување. За таа цел, на Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг-Скопје“ (http://ibmhs.eu/) е изработена студиска програма од втор циклус на студии со која ќе се изучува инженерството и стратегиското управување на деловните податоци и деловната информатика. Следејќи ги меѓународните стандарди и најдобри практики, применувајќи теорија и практика, ќе се изучуваат технологиите што се адекватни за современите корпоративни информатички системи. Овие студии, преку систематизиран и креативен начин, нудат развој и примена на автономни идеи на студентите во контекст на истражување и работа на проекти. Овие студии се поставени со цел да поттикнуваат критичко, независно и креативно решавање на практични и актуелни проблеми во мултидисциплинарен контекст, поврзани со податоците.

Студиска програма за стратегиско управување со деловните податоци и деловна информатика е главно наменета за раководните лица на стратегиско ниво, кои одлучуваат за промените во организацијата поттикнати од дигиталната трансформација. Улогата на овие раководни лица денес и во иднина се унапредува и станува неопходно тие да поседуваат доволно знаење за примената на новите технологии за ефикасно додавање вредност во организацијата при носење на стратегиски одлуки. Друга група професионалци за која е наменета оваа студиска програма се одговорните лица за безбедност на информациите, управувањето со ризиците, внатрешни и надворешни ревизорина информациски системи, аналитичари на деловни податоци, ИТ инженери и други експерти. Важна група професионалци за кои оваа судиска програма е наменета се и претприемачите кои најчесто користат информатички технологии за своите иновации. Па, така, за сите овие групи професионалци, програмата нуди курсеви од областа на примена на нови финансиски технологии, машинско учење, деловна интелигенција и големи податоци, безбедност на информациите и податоците, дигитална криптографија, кибербезбедност.

Програмата опфаќа изучување на модерните податочни центри и унапредување на деловните процеси, користејќи информатички технологии. Во програмата се застапени курсеви со кои деловните корисници се оспособуваат да ги визуализираат или да ги обработуваат своите податоци, како и обработка на концептот на поврзани електронски уреди (англ. Internet of Things). Студиите содржат курсеви за лично усовршување како што се курсеви за ревизори на информациски системи, офицери за безбедност на информациите, управување со проекти, Microsoft Office Specialist (MOS) курсеви и академско пишување.

Во врска со организацијата на овие академски студии, студентите можат да направат избор на едногодишни студии од втор циклус и на двегодишни студии од втор циклус. Со овие студии се добиваат 60, односно 120 ЕКТС за едногодишните студии, односно двегодишните студии, соодветно. Во рамките на студиите, студентите изработуваат магистерски труд и посетуваат пракса.

Со оваа студиска програма, студентите можат да се сертифицираат со два од вкупно четири меѓународно признати и светски препознаени сертификати, што се понудени во програмата. Имено, со програмата на студентот му се обезбедува подготовка и полагање испити со кои ќе се стекне со два од следниве меѓународни сертификати: BI & Big Data/Horvat Academy; CISA/ISACA; CISM/ISACA и MOS. При подготовката за полагањето испит за добивање на меѓународен сертификат, студентите ќе се подготвуваат користејќи професионална литература, ќе имаат можност да комуницираат со студенти и професионалци од областа и ќе научат како во иднина да продолжат со лично професионално усовршување.

 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by