CERTIFICATION IN BUSINESS INTELLIGENCE & BIG DATA®  CBI & BD

Аплицирај Агенда 

Сертификациона програма за ИТ специјализација

Во текот на оваа програма, ќе бидат опфатени повеќе теми кои ја објаснуваат целта, примената и придобивките на Деловната Интелигенција (ДИ) во современите  корпоративни информациски системи. Започнувајќи од основните концепти на податоци и податочни типови, ќе бидат опфатени начините на трансформација и организација на податоците во податочните складови и мултидимензионални структури, кои што потоа ја претставуваат основата на системите за подршка при донесување на деловни одлуки. Концептот “големи податоци“ ги објаснува податоците кои по својот волумен и карактеристики се разликуваат од конвенционалните податочни структури. Во програмата се опфатени и концептите на откривање на знаење во податоците, а посебно во “големите податоци“, преку процесот на “ископување“ (data mining), односно примена на алгоритми и техники на вештачка интелигенција врз податоците, за да се откријат информации кои претходно биле непознати или неочекувани. Техниките на визуелизација  и презентација на податоците кои произлегуваат од системите за Деловна Интелигенција, се опфатени како посебно поглавје, во кое се истакнати предностите на графичката презентација на знаењето при анализа на комплексни феномени.

Напомена


Уписен рок:  01 декември 2019 година до 17 февруари 2020 година

Информации


Вкупен фонд на часови: 25 часови
Времетраење:  1 семестар
Почеток на предавања НОВИ групи: март 2020

Место: АБИТ (Ул. „Орце Николов“ бр. 75 зграда на Македонска берза 1-ви кат)
Динамика на обуката: еднаш неделно 

Напомена: полноправните членки на АБИТ плаќаат 50% партиципација

exam feeCBI & BD
30 EUR 480 EUR- 29.616 МКД
невработени и студенти 20%
384 EUR - 23.693 МКД

Раководител на обуката

Д-р Татјана Василева Стојановска
Татјана Василева Стојановска работи како Советник програмер во Народна Банка на Република Македонија (НБРМ), во секторот за Централно банкарство.
Во 2000 год  на последипломските студии на Факултетот за електротехника и информатички технологии  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„  се стекува со научен степен Магистер по компјутерски науки. Во 2015 год докторската дисертација ја изготвува на тема „Невро-фази на моделирање на видеоконферентен систем за учење на далечина„ и во 2015 година се стекнува со назив Доктор по технички науки на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Професионални проекти во кои што има учествувано Д-р Татјана Василева Стојановска во Народна Банка на Република Македонија се издвојуваат: Статистика за плаќање, Систем за задолжителни резерви, Систем за известување за хартии од вредност и благајнички записи, Софтверски систем на каматни стапки, Софтвер за управување со ризици, Софтвер за главна книга, Инфраструктура на ПКИ и имплементација на дигитален потпис во софтверски системи, Индикатори за финансиска стабилност и адекватност на капиталот, Електронски регулаторни извештаи, Складирање на податоци и деловна интелигенција, проектирање и имплементација на Секторот за Супервизија и Статистика за плаќање.
Има и познавање на програмските јазици и апликации и тоа: Бизнис интелигенција и складирање на податоци, Microsoft SQL Server (програмирање и администрација), Microsoft Visual Studio (VB.NET, C.NET, ASPX, XML, XSD, HTML, DHTML, SOAP), MathWorks Matlab, IBM SPSS< C/C++, Java скриптирање, Дигитална сертификација/ потпис/ енкрипција (Entrust CA, Miscrosoft CA), IDEA и други CAAT.
Во своето долгогодишно искуство има учествувано на повеќе работилници и семинари, од кои може да се издвојат ИТ Форум за складирање на податоци и деловна интелигенција оранизирани од НБРМ, Податоци за складирање и деловна интелигенција-Холандска банка во Амстердам, Студиска посета на системот за управување со податоци за надворешни статистики (TAIEX програма) Банко де Еспања во Мадрид, Службен курс на Мајкрософт, Семос едукација во Скопје, Имплементирање на складирање на податоци со Microsoft SQL Server 2012, Официјален курс, Имплементирање на модел на податоци и извештаи со Microsoft SQL Server 2012.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by